Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Црвен крст: Во 2025 собрани 61.778 крвни единици, 112,3 отсто реализација на предвидениот план

Благодарение на посветеноста на крводарителите и волонтерите, во 2025 година се реализирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Благодарение на посветеноста на крводарителите и волонтерите, во 2025 година се реализирани 811 крводарителски акции, 61.778 собрани крвни единици, 112,3 проценти реализација на предвидениот план, соопштија денеска од Црвениот крст по повод 17 март, Денот на формирање на Црвениот крст на Македонија и Ден на крводарителството.

Оттаму посочија дека оддаваат признание на хуманоста, солидарноста и несебичноста. 

– Дваесет општински организации го надминаа годишниот план во 2025 година. Потоа, 1.028 јубилејни признанија, три работилници за унапредување на крводарителството и 36 врснички едукации во 14 општински организации. Нека овој ден нè потсетува дека секоја дарувана капка значи живот повеќе, додадоа од Црвениот крст на нивната Фејсбук-страница.

Реклама

Посочија дека од 16 до 22 март, низ целата држава се организираат крводарителски акции.

– Дарувањето крв е наједноставниот начин да спасите нечиј живот. Проверете ја локацијата и терминот што ви одговара и станете дел од хуманата мисија, порачаа од Црвениот крст.