Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Црвен крст Кавадарци мереше крвен притисок и шеќер во крвта на пензионери

Активисти од Црвен крст Кавадарци денеска им мереа крвен притисок и шеќер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Активисти од Црвен крст Кавадарци денеска им мереа крвен притисок и шеќер во крвта на кавадаречки пензионери, при посетата на Здружението на пензионери, во кое членуваат пензионери од оваа општина и росоманската. 

– ЦКРСМ – ООЦК Кавадарци веќе долги години има успешна соработка со Здружение на пензионери Кавадарци. Денеска на барање на здружението, наши вработени и волонтери ги посетија нивните простории каде што присутни беа педесетина пензионери, при што на 46 лица им беше измерен крвен притисок и шеќер во крвта. Голема благодаррност до раководните структури на Здружение на пензионери Кавадарци пред сè за нивната грижа за зачувување и одржување на здравјето на пензионерите и за беспрекорната поддршка што ја даваат на ООЦК Кавадарци, истакнаа од кавадаречкиот Црвен крст. 

Оттаму најавија и низа други заеднички активности. 

Реклама

– Заедно се грижиме и заедно делуваме за лицата од третата доба да имаат поубав, поздрав и посреќен живот. Оваа заедничка соработка и грижа ќе продолжи и понатаму. ЦКРСМ ООЦК Кавадарци помага секаде каде што е потребно, не правејќи разлика на полот, националноста и старосната граница на граѓаните, нагласија од Црвен крст Кавадарци.