Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Црни пари за црни сценарија – Мицкоски открива дека екс – функционери со милионски суми планираат да испровоцираат етнички конфликт

Високи функционери на поранешни влади, кои имаат огромен капитал заработен на црно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високи функционери на поранешни влади, кои имаат огромен капитал заработен на црно на секој начин се обидуваат да мобилизираат луѓе да терен, да ги манипулираат, да испровоцираат конфликт и да ја нарушат меѓуетничката хармонија во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски повторно предупреди за планот на ДУИ која не може да се помири што замина во опозиција по две децении на власт.

Партијата која последниве години беше главен политички фактор и за која се предупредуваше дека е една од најкорумпираните, спремна е да ги наруши стабилноста и мирот – само да ги зачува огромните милионски суми. За ова власта подолго алармира

Имаме индиции за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголем дел да манипулираат и она што мене особено ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам и до јавноста и до медиумите  и до граѓаните да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, изјави Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска тврдењата дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата, порача Мицкоски.

Реклама

ДУИ претходно индиректно призна дека спрема есенско сценарио, ама се правда дека сите чекори што ќе ги преземеле се со намера да ги заштителе Албанците од мајоризација и понижувања.

Тие дури и најавата за укинување на Балансерот, кој со години го злоупотребуваа да вработуваат партиски кадри, ја поврзуваат со тезата дека Албанците се угнетувани. Иако, премиерот Мицкоски вели дека укинувањето на овој механизам не е политичка одлука туку препорака од ЕУ која мора да се испочитува во поглед на реформите што Македонија треба да ги спроведе.

Ако сакаме да правиме реформи, што и самата ЕУ вели дека се потребни, една од реформите е и ова. Тие велат дека времето на Балансерот измина бидејќи бил предмет на многу злоупотреби во минатото. Посебно во декларирањето на етничката припадност на граѓаните. Тоа не е став на ВМРО, став на ВРЕДИ, став на ЗНАМ, СДСМ, ДУИ или на која било политичка партија. Тоа е став на ЕУ , рече Мицкоски.

Реформите кои ги најави власта не се однесуваат само на укинување на Балансерот. Надлежните се свесни дека што поскоро мора да се направат промени во македонското општество што ќе се засноваат на борба против криминалот и корупцијата, владеење на правото, независно судство, квалитетна администрација и меритократија.