Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

ЦК на ВМРО ДПМНЕ:Владата е стабилна, очекуваме огромна победа на локалните избори

Владата е стабилна силна и успешна – ова е заклучокот на Централниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата е стабилна силна и успешна – ова е заклучокот на Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ. На состоанокот на владејачката партија се дискутирало за актуелната политичка ситуација во државата и подготовките за претстојните избори. Од партијата најавија голема и убедлива победа на локалните избори. На седницата констатирано е дека Владата успешно ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и економската катастрофа што беше наследена од претходната власт. Во тек се и испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО ДПМНЕ во пресрет на локалните избори кои треба да се случат во октомври најавија од партијата.

„Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој. Општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа. Истакнав дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите превземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани“ вели претседателот на ВМО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И собранискиот спикер Африм Гаши потврдува дека паралемтарното мнозинство е стабилно, а по прозивките од ДУИ за предвремени парламентарни избори, тој вели дека нема потреба од такво нешто. .

Реклама

Мнозинството е стабилно, мислам дека треба да се продолжи понатаму да се работи без разлика дали некој ќе влезе, ќе излезе. Мислам, нема да има голема промена во бројот на пратениците. Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме. Од друга страна, локални избори се наближуваат, но мислам дека не треба да не фаќа така секогаш изборна треска и адреналин дека мора да правиме избори за се. Мора да ги сфатиме локалните избори по природата, какви се и тие во суштинавели собранискиот спикер, Африм Гаши.

Во меѓувреме преку соопштение  коалициониот партнер во власта, „Вреди“ најавија  голема победа на локалните избори во општините каде живее доминантно албанско население.

„Во октомври, на локалните избори, ВЛЕН ќе победи во сите албански општини! ВЛЕН во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните. Времето на ДУИ заврши! Ветерот на промените започна и никој не може да го запре! ВЛЕН победува, Албанците победуваат!“, стои во соопштението на ВЛЕН.

Инаку, според последната анкета на МКД.мк, повеќе од половина од гласачите кои ќе излезат на наредните избори ќе и дадат поддршка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ ќе добие речиси 5 пати помалку. 4-те партии од ВРЕДИ би освоиле 13% од гласовите, а ДУИ 12,1%.