Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ЦК на Левица: Анализирани резултатите од Локалните избори и изборноот процес

Вчера се одржа XXIX сесија на Централниот комитет на Политичката партија Левица,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера се одржа XXIX сесија на Централниот комитет на Политичката партија Левица, на која беше направена темелна и сеопфатна анализа на резултатите од локалните избори, како и на целиот тек на изборниот процес, се вели во соопштението од Левица. 

Во рамки на пленарната дискусија беа разгледани детално постигнатите резултати по општини, при што беше констатирано дека кај Левица е евидентен јасен и континуиран раст – и во бројот на освоени советнички мандати, и во политичкото влијание меѓу граѓаните. Овој раст е потврда дека принципиелната, доследна и бескомпромисна политика на Левица добива сè поширока поддршка.

Централниот комитет дискутираше и за текот на локалните избори, укажувајќи на структурните слабости, притисоците, нерамноправните услови и улогата на естаблишмент партиите во одржување на статус-квото. Во таа насока беше нагласено дека Левица останува единствената политичка сила која отворено и без калкулации ги разобличува овие појави.

Реклама

Посебен акцент беше ставен на улогата на советниците на Левица во општинските совети ширум Македонија. Заклучокот од ЦК е дека советниците од Левица ќе се позиционираат како главна и единствена опозиција на ДПМНЕ во локалната власт – во интерес на народот, во одбрана на јавниот интерес, со целосна посветеност на транспарентноста, отчетноста, борбата против корупцијата, урбанистичката мафија и партизацијата на општините.

Левица продолжува да биде автентична опозиција, како на централно, така и на локално ниво – опозиција која не тргува со принципи, не молчи пред неправдите и не се става во служба на широки коалиции, туку стои цврсто на страната на народот.  Борбата продолжува бескомпромисно, со јасна визија, храброст и организирана акција, до целосно разобличување на системот и враќање на институциите во рацете на граѓаните.