Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ЦГК: Склучени договори за јавни набавки со само една понуда, за половина година „тешки“’ 283 милиони евра

Со само една понуда склучени договори во постапки за јавни набавки, вредни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со само една понуда склучени договори во постапки за јавни набавки, вредни 283 милиони евра, и тоа за само половина година, објавува Центарот за граѓански комуникации, во најновиот Извештај од мониторингот за јавни набавки.

-Во нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување оглас, во првото полугодие од 2023 година склучени се договори во вкупна вредност од околу 11 милиони евра. Дури 91 % од овие договори се склучени во преговори со само една фирма. Најголема вредност на овој вид договори има АД Електрани, велат од Центарот.

Според клучните наоди од набљудувањето и од т.н. Индекс на рационалност, просечниот број на понуди во јавните набавки се намалува, односно во мониторираниот период, од јануари до јуни минатата година, паднал на 2.8 наспроти 3, колку што изнесувал во 2022 година. Клучна забелешка е дека отсуството на конкуренција е особено загрижувачко во здравството.

Реклама

-Одлуките што се донесуваат при спроведувањето на јавните набавки не се соодветно и прецизно образложени што фрла сомнеж врз објективноста и законитоста на постапувањата. Ова главно се однесува на одлуките за отфрлање на доставените понуди и за поништување на тендерите, се наведува во клучните наоди на Индексот.

Во значаен дел од постапките, како што се наведува таму, не се утврдуваат количините на она што се набавува, со што, се оневозможува фирмите, како што посочуваат, да понудат пониски цени за поголеми количини на набавка. Според ова, се овозможуваат манипулација и злоупотреби во фазата на реализацијата на договорите.