Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Центарот за климатски промени ја проширува мрежата за селекција на отпад во Општина Гази Баба

Центарот за климатски промени започна со проширување на мрежата за примарна селекција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за климатски промени започна со проширување на мрежата за примарна селекција на отпад во Општина Гази Баба, со цел поддршка на локалните самоуправи во исполнување на Зелената агенда за Западен Балкан.

Како што соопшти Центарот, на 24 април годинава во населeното место Даме Груев – Трубарево беа бесплатно доделени 95 канти за примарна селекција на пластичен отпад на домаќинствата. Активноста претставува почетна фаза од поширока иницијатива, при што во наредниот период се планира зголемување на бројот на канти со цел да се опфатат што поголем број домаќинства.

Од Центарот посочуваат дека примарната селекција е клучен предуслов за ефикасно и одржливо управување со отпадот и значајно намалување на мешаниот комунален отпад што завршува на депониите. Истовремено, се апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до утврдените правила за селекција и активно да придонесуваат кон зголемување на количината на селектиран отпад.

Реклама

Активноста се реализира во рамките на проектот „Младите и жените – двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини“ (WeLEADRural), преку кој се набавени 60 жолти канти со капацитет од 120 литри за пластичен отпад. Проектот е дел од програмата BOOST Balkans, со поддршка од ALDA – European Association for Local Democracy, ALDA Balkans и AFD – Agence Française de Développement.

Набавените канти се донирани на Општина Гази Баба, која, покрај тоа, ги стави во употреба и кантите обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што се зајакнува локалната инфраструктура за управување со отпад. Собирањето на пластичниот отпад ќе се реализира во соработка со Алпак Еко, колективен постапувач за отпад од пакување.

Од Центарот за климатски промени информираат дека во наредниот период вакви системи за примарна селекција ќе бидат воспоставени и во општините Ѓорче Петров и Илинден, како и дека слични активности веќе се реализирани во село Стајковци, Тетово и Општина Аеродром, во рамки на проект поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Со иницијативата, како што се наведува, се поставуваат основи за модерен, одржлив и ефикасен систем за селекција на отпад директно од изворот, што претставува значаен придонес кон намалување на отпадот и поттикнување на принципите на циркуларната економија.