Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Центарот за јавно здравје – Прилеп во лоша состојба, се бараат решенија за брзо „заздравување“

Долг од пет милиони денари, но и двојно повеќе ненаплатени побарувања кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долг од пет милиони денари, но и двојно повеќе ненаплатени побарувања кои се трупале во последниве години, потоа дефицит на здравствен персонал, како и потреба од осовременување и реформирање на постоечките услови за работа, се само дел од проблемите со кои во моментов се соочува Центарот за јавно здравје во Прилеп. „Во оваа Јавна здравствена установа услугите ги добиваат околу 120.000 осигуреници од дури шест општини, заради што ние како нов тим веќе интензивно работиме на изнаоѓањето решенија за нејзино брзо „заздравување“, уверува новиот прв човек на Установата, епидемилогот Горан Кузевски.

Јас лично сум оптимист и врз основа на планот за работа кој што го направивме, со една добра финансиска дисциплина и со рационализација и оптимизација на трошоците, се надевам дека за некој временски период од 9 до 12 месеци ќе успееме да ја стабилизираме оваа финансиска состојба и потоа да започнеме циклус на инвестиции“, – ни изјави д-р Горан Кузевски, епидемиолог и директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп.

  Според Кузевски, најголеми должници на Центарот му се: прилепската Болница, некои локалани самоуправи, јавни претпријатија, па дури и Министерството за здравство. Со дел од нив веќе се разговарало и сега се бараат начини како да се наплатат овие долгови кои што изнесуваат преку 10 милиони денари, бидејќи од тоа ќе зависи и сервисирањето на заостанатите, но и на тековните обврски кои ги има Центарот. Истовремено, се прават и планови за нови вработувања, бидејќи во моментов недостасуваат еден општ лекар, 2 до 3 медицински сестри-лаборанти, како и останат помошен персонал.

Реклама

  „Вкупно во ЦЈЗ се вработени 47 здравствени работници. Од нив, 9 се лекари- специјалисти, еден лекар по општа медицина којшто сега треба да замине на специјализација, потоа имаме шест здравствени соработници, 23 здравствени работници и осум помошно-административен персонал“, – објаснува Кузевски.

   Напоредно со стабилизирањето на финансиската состојба, Кузевски најавува и докомплетирање на процесот на акредитација на Санитарно-хемиската и Санитарно-биолошката лабораторија за најстручна проверка на безбедноста и квалитетот на водата за пиење и на храната, а ќе се проширува и опсегот на анализи во Одделнието за микро-билогија, пред се’ во областа на молекуларната дијагностика. A ретка новина е планот за отворање на т.н. Центар за промоција на здравје во простор на призмјето на ЦЈЗ, а кој сега целосно е руиниран и нефункционален, открива Кузевски.  

Каролина Дурло