Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Цената на нафтата падна, дизел има доволно, засега Владата не планира да прогласи кризна состојба

Владата нема да прогласи кризна состојба. Премиерот вели дека за тоа засега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата нема да прогласи кризна состојба. Премиерот вели дека за тоа засега нема аргументи. По скокот на цените на горивата за 5, а особено на дизелот за 14 и пол денари по литар, состојбите почнаа да се нормализираат. Мицкоски смирува дека Владата будно ја следи состојбата и дека недостаток на горива нема. Претходно тој соопшти дека стоковите резерви содржат деривати доволни за над 62 дена.

„Очекуваме притисок од предиодот што следи но имаме доволно количини, разговараме со дистрибутерите и со компаниите коишто ги снабдуваат граѓание и македонската економија со нафта и нафтени деривати и во моментот нема опасност од било каков недостаток. Ние како Влада продолжуваме да ја следиме состојбата“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Премиерот смета дека позитивен сигнал е тоа што цената на брент нафтата на светските берзи почнала да паѓа и сега изнесува околу 90 долари за барел. Тоа е за 20 до 28 долари помалку од вчерашните цени кои во еден момент достигнаа 118 долари за барел, највисоко ниво од 2022-рата година наваму.

Реклама

„Можеби условно кажано е добра вест е што утринава од она што можев да го видам и брентот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долара за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде 90-тина долари за барел. Ја следиме целата состојба многу внимателно и во зависност од развојот на настаните така и ќе реагираме“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Ако тензиите на Блискиот Исток се пролонгираат, Владата најави дека ќе прогласи кризна состојба. Таа има повеќе опции што и стојат на располагање за да ги намали нивните цени. Една од нив, е опцијата за пониска акциза. Граѓаните плаќаат 22 денари кон државата за акцизи за бензините и 15,5 денари по литар за дизелот. Кога тие би се намалиле, дериватите би можеле да поевтинат од 1 и пол до 4 денари, зависно од одлуката. Друга опција е интервенција во ДДВ. Во моментов, од новата цена на дизелот од 85 и пол денари, 13 денари се слеваат во државната каса. Кога ДДВ би се скратило од 18 на 10%, би се плаќале 7,2 денари за ДДВ или 6 денари помалку. Но за ова да се случи треба и официјално да се прогласи кризна состојба.

Горивата поскапеа, откако Регулаторната комисија за енергетика на средина на минатата недела го промени Правилникот за да ја менува цената исклучиво секој понеделник, а не секогаш кога таа треба да се зголеми за повеќе од два денари. Потенцијално, ако Комисијата пак го врати старото решение, ценовниот удар во моментов би се неутрализирал.