Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Целосно реконструиран плоштадот Којник во Велес 

Завршија градежните активности за целосна реконструкција на плоштадот Којник во едно од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршија градежните активности за целосна реконструкција на плоштадот Којник во едно од најстарите велешки маала лоциран во високиот стар дел од градот. Со ова жителите од овој дел од градот, но и сите велешани добија уште едно обновено  катче со најнова урбана опрема  за одмор и релаксација, информира денеска градоначалникот Марко Колев.

Реконструкцијата на плоштадот Којник траеше во изминатите четири месеци, со средства обезбедени од општинскиот буџет. 

Градоначалникот Колев најави дека во наредниот период ќе се изврши прередување на бехатон плочките на улицата околу плоштадот, а веднаш потоа ќе започне и целосната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“.

Реклама

Плоштадот и маалото Којник се опеани во многу велешки староградски песни меѓу кои најпознатата  „На Којник дуќан да имам“. Во близина на Којник живеел и творел и Коста Солев Рацин. Таму се наоѓа неговата Спомен куќа, но и на други велешки дејци.

Од маалото на Којник потекнува и познатиот актер Петре Прличко доајенот на македонското глумиште. На плоштадот Којник се одржале повеќе важни настани низ историјата на градот. Којник  е собиралиште на многу генерации, а од него патот води кон градските гробишта на црквата „Свети Пантелејмон“ во високиот стрмен дел на Велес. Воедно неколку стрмни улици надолу од Којник водат дирекно и до центарот на Велес.