Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани

За 778,3 милиони денари или 7,7 отсто е зголемена наплатата на приходи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 778,3 милиони денари или 7,7 отсто е зголемена наплатата на приходи во февруари, период во кој Царинската управа наплати вкупно 10,8 милијарди денари, соопштија од Царинската управа.

Притоа, како што е наведено во соопштението, раст во наплатата е забележан по сите основи – наплатата на приходи од царина бележи раст од 8,9 проценти, од акциза 8 проценти, а наплатата на приходите од ДДВ при увоз бележи раст од 3,9 проценти.

– Зголемената наплата значи повеќе средства за јавни добра, кои ќе го поддржат растот на економијата – повеќе средства за здравство, образование, за патна инфраструктура – велат од Царинската управа најавувајќи дека ќе продолжат со мерки за зголемување на ефикасноста и обезбедување стабилен раст на буџетските приходи.