Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Царинската управа: На граничниот премин Богородица запленети девет пиштоли, едно лице во притвор

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли, од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.

Како што соопштија од Царинската управа, делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица на излез од државата при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, при што во покривот, помеѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли „црвена застава“.

– Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лиши лицето од слобода, и по преземање предистражни дејства, против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, казниво во согласност со Кривичниот законик – наведуваат од Царинската управа.

Реклама

По наредба на јавен обвинител, лицето се наоѓа во притвор, а истрагата е во тек.