Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Цветковски: Инвестициите во патната инфраструктура, новиот парк „Македонија“ и поддршката за младите и образованието го одбележуваат развојот на Лозово

Инвестициите во патната инфраструктура, новиот парк „Македонија“ и поддршката за младите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициите во патната инфраструктура, новиот парк „Македонија“ и поддршката за младите и образованието го одбележуваат развојот на Лозово, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на градоначалникот на општина Лозово, Бошко Цветковски.

Денес, речиси една година по преземањето на функцијата градоначалник на Општина Лозово, стојам пред вас со чувство на одговорност, но и со гордост, за да дадам отчет за сработеното во изминатиот период. Отчетот не е само набројување на проекти и бројки. Тој е обврска кон секој граѓанин кој ни ја доверил својата доверба и очекува од нас работа, присуство и конкретни резултати.

Во изминатата година работевме со една јасна определба да не даваме нереални ветувања, туку да го реализираме ветеното и секогаш кога има можност да направиме и повеќе. Нашата цел беше рамномерен развој на целата општина-на Лозово, Дорфулија, Каратманово, Милино, Сарамзалино, Аџиматово, Ќоселери и  сите останати населени места.

Реклама

Улица по улица, село по село, проект по проект. Тоа е начинот на кој ја градиме Општина Лозово. Во делот на патната инфраструктура реализиравме повеќе значајни проекти. Асфалтирани се две улици во Лозово, една улица во Дорфулија и една улица во Милино. Во Каратманово и Дорфулија поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, со што придонесуваме за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Особено значаен е патот Ѓуземелци-Кнежје, кој претставува важно поврзување меѓу Општина Свети Николе и Општина Лозово. По повеќе децении, овој пат е во завршна фаза на асфалтирање. Во моментот се финишираат и техничките решенија за одводнувањето и пропустот за проток на вода. Во тек се јавни набавки за асфалтирање на улица во Дорфулија и три улици во Лозово. Тоа е доказ дека работата продолжува.

Еден проект со посебна симболика на нашата општина е паркот „Македонија“. Паркот е реализиран во форма на македонското знаме и претставува простор за собирање, дружење и поминување време, но и препознатлив симбол на Општина Лозово. Создадовме место кое има практична вредност, но истовремено носи и силна порака за нашиот идентитет, нашата традиција и нашата припадност кон оваа земја.

Нашата локална самоуправа создава проекти кои имаат практична вредност, но и идентитет, порака и трајно значење. Посебно внимание посветивме на децата, младите и образованието. Продолживме со стипендии за талентирани средношколци и студенти, а обезбедивме и стипендии за средношколци и студенти од социјално ранливи семејства. За секое прваче обезбедивме ваучер во вредност од 4.000 денари, за секој матурант ваучер од 3.000 денари.

За секое новороденче обезбедуваме ваучер од 10.000 денари. Обезбедивме и бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение, како во централното, така и во подрачните училишта. Оваа мерка е значајна за семејствата, бидејќи на децата им обезбедува здрав и редовен оброк во текот на наставниот ден, а на родителите им носи сигурност и финансиско олеснување.

Во моментов се врши доопремување на ООУ „Методи Митевски-Брицо“ Лозово со компјутерска опрема на кабинетот по информатика. Затоа што вложувањето во образованието е вложување во иднината на Лозово. Обезбедивме бесплатна забава за полуматурантите, како и бесплатна екскурзија за најмалите од детската градинка.

Секој успех на нашите деца заслужува признание. Затоа продолживме со наградување и поддршка на учениците, децата и нивните ментори кои постигнале резултати на државни и меѓународни натпревари. Општината мора да биде тука и за оние на кои им е најтешко.

Во изминатиот период обезбедувавме еднократна парична помош за социјално ранливи семејства, помош за лекување од тешки болести, вклучително и за хируршки зафати, како и друга помош на граѓаните која би  им била потребна поддршка при лекување.

Обезбедувавме прехранбени пакети за социјално ранливите семејства. За најмладите обезбедивме новогодишни и бадникови пакетчиња, затоа што празниците треба да носат радост во секој дом. Продолжуваме и со бесплатна градинка, согласно максималниот капацитет на установата.

Ова е значајна поддршка за младите родители и за семејствата во нашата општина. На децата им обезбедува сигурна и стимулативна средина, а на родителите им овозможуваме полесно усогласување на работните и семејните обврски.

Спортот е важен дел од развојот на нашите деца и младите. Општина Лозово продолжи со финансиска поддршка на Фудбалската академија „Галактикос“ Лозово. Од оваа академија произлегоа млади фудбалери и фудбалерки кои денес се дел од репрезентативните селекции на Македонија.

Нашите млади спортисти со својата посветеност и резултати се доказ дека и од една мала општина можат да произлезат успешни репрезентативци и репрезентативки кои ја претставуваат Македонија. Тоа е најдобар доказ дека кога ќе им дадеме услови, поддршка и внимание на нашите деца, тие можат да постигнат големи резултати.

Продолживме и со поддршка на традиционалните турнири во мал фудбал, а обезбедуваме поддршка и за Велигденскиот турнир во шах. Со ова покажавме дека го поддржуваме спортот во различни форми и дека создаваме можност за развој на различни таленти кај нашите деца и млади.

Во рамките на уредувањето на повеќенаменските игралишта, се работи на поставување на соодветни столчиња на трибините, со кои ќе се обезбедат подобри и посоодветни услови за гледачите и посетителите на спортските натпревари и настани.

Во моментот се спроведува јавна набавка за уредување на повеќенаменското игралиште во Каратманово со трибини, бетонажа, реквизити и тартан подлога. Не ги забораваме ниту нашите повозрасни сограѓани. Обезбедуваме финансиска поддршка на Здружението на пензионери Лозово, на нивните активности и учество на натпревари.

Во областа на културата, продолживме со поддршка на Фолклорниот ансамбл „Кочо Рацин“ Лозово. Ансамблот има особено значење за нашата општина, бидејќи преку песната, играта и носијата ја зачувува македонската традиција и културното наследство. Нашите деца и млади со љубов и посветеност ја претставуваат Општина Лозово на различни настапи и манифестации. Преку нивниот ангажман, традицијата се пренесува од генерација на генерација и се промовира надвор од нашата општина.

Обезбедуваме финансиска поддршка за изградба на верски објекти, како и за традиционални настани и слави. Во изминатиот период организираме и поддржуваме настани кои ја промовираат нашата традиција, земјоделството и производите од нашиот регион. Тука се „Овчеполска жетва“ во село Дорфулија, „Овчеполски гроздобер“ во Лозово, како и настанот „Свети Трифун“. Ова не се само манифестации. Ова е начин да ја зачуваме традицијата, да ги промовираме нашите земјоделци и да покажеме што има нашиот регион да понуди.

За Општина Лозово земјоделството е егзистенција за голем број наши семејства. Затоа успешно ја завршуваме сезоната со постојана дистрибуција на вода за наводнување на земјоделски површини од системот „Калиманци“. Во текот на годината реализиравме и активности за чистење на каналите за атмосферско одводнување, со што се намалува ризикот од поплави и се подобрува одводнувањето во критичните точки.

Организиравме и еколошки акции и акции за пошумување, затоа што грижата за животната средина мора да биде постојана. Посебно значајни се проектите за кои веќе се обезбедени финансиски средства преку Министерството за животна средина и просторно планирање. По одобрувањето на проектната документација ќе започнеме со постапки за реализација на три значајни проекти.

Првиот е изградба на фекална канализација во населеното место Ќоселери. Вториот е промена на примарната и секундарна водоводна мрежа на улица „Маршал Тито“ во Лозово, како и поставување на противпожарни хидранти на клучни локации во близина на важни објекти. Третиот е поврзување на Сарамзалино и Аџиматово со системот за вода за пиење од Лозово.

За потребите на овој систем, со поддршка од општествено одговорна компанија и со добивање на потребните согласности, се врши и бушење на бунар за питка вода. Ова се проекти кои можеби не се највидливи, но се исклучително важни за квалитетот на живот на граѓаните. Работата на една општина не се мери само со големи капитални проекти. Се мери и со тоа дали има кој да излезе на терен кога ќе падне снег. Дали има кој да реагира при пожар. Дали ќе се исчисти каналот пред поголеми врнежи.

Во изминатата година успешно се справувавме со снег, пожари, расчистување на терен, атмосферски одводнувања и други комунални предизвици. Тоа е секојдневна работа која можеби не се гледа секогаш, но граѓаните ја чувствуваат.

Почитувани граѓани, Овој отчет не го сметам за крај на една работа. Го сметам за пресек на сработеното и обврска за она што следува. Пред нас има уште многу работа. Има улици кои треба да се асфалтираат, водоводи кои треба да се реконструираат, канализациони системи кои треба да се реализираат, како и училишта, спортски терени и јавни простори кои треба дополнително да се уредуваат.

Има проблеми кои не можат да се решат за еден ден. Но има јасна определба: Да продолжиме да работиме. Нема да кажам дека е се завршено. Не е, и нема да биде, затоа што секогаш може подобро. Она што можам да го кажам е дека во изминатата година покажавме дека Општина Лозово може да реализира проекти, да обезбедува средства и да инвестира не само во инфраструктурата, туку и во луѓето.

Затоа што општината не се само проектите. Општината се луѓето. Децата, младите, родителите, земјоделците, пензионерите, спортистите, наставниците, уметниците и културните работници, сите оние кои секојдневно го живеат својот живот тука. Наша обврска е да создадеме услови тие да имаат причина да останат тука, да создаваат семејства тука и да ја градат својата иднина токму тука.

Затоа и понатаму ќе продолжиме рамномерно да ја развиваме општината: улица по улица, населено место по населено место, проект по проект. Ќе продолжиме да бидеме присутни на терен. Ќе продолжиме да ги слушаме проблемите на граѓаните, и ќе продолжиме да бараме решенија. Не зборуваме многу – работиме! Овој отчет е пресек на досега сработеното, но и обврска за она што следува.

Затоа, дозволете ми да им се заблагодарам на сите граѓани за довербата, на членовите на Советот на општината, на општинската администрација, на јавните установи, училиштата, градинката, спортските клубови, Фолклорниот ансамбл „Кочо Рацин“, здруженијата, институциите и сите партнери кои помогнаа овие проекти да станат реалност. Но пред се, ви благодарам вам, граѓаните на Општина Лозово.

Вашата доверба е обврска. Вашите очекувања се наша одговорност. А резултатите се најдобриот начин да покажеме дека таа одговорност ја сфаќаме сериозно. Нашата цел останува иста, општина Лозово да биде место со подобри услови за живот, повеќе можности и рамномерен развој за сите граѓани. Продолжуваме да работиме, продолжуваме да градиме, продолжуваме да инвестираме во нашите луѓе, продолжуваме да ја градиме општина Лозово.