Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Чулев: АНБ незаконски ја задржала опремата за прислушување

На повидок ли е нов скандал со прислушување? Агенцијата за национална безбедност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На повидок ли е нов скандал со прислушување? Агенцијата за национална безбедност се уште поседува опрема за следење на комуникациите, алармираше тех. министер на МВР, Чулев.

Иако на 1 септември минатата година официјално почна со работа АНБ која не смее да следи разговори, сепак и по речиси 9 месеци работа, имаат техничка можност за прислушување.

Според Чулев тоа е незаконски, но и спротивно препораките на Прибе, вели за овој скандал со АНБ дознал пред 2 дена.

Реклама

Чулев истакна дека оние реформи во делот со следење на комуникациите биле само замајување на јавноста, оти сепак и покрај законските решенија поранешната УБК, сегашна АНБ, се уште има посредничка улога во следењето на комуникациите, но и има можност да следи разговори, што е недозволено.

Чулев рече дека нема информација дали АНБ во моментов врши незаконско прислушување, но побара од Јавното обвинителство по допрен глас да истражи кој е одговорен и зошто две години не е воспоставена директна техничка комуникација меѓу Министерството за внатрешни работи и Оперативно-техничката агенција.

Денеска министерот испратил писмен акт до директорот на ОТА, соопшти дека ќе испрати  и информација до Владата за како што рече монополот на АНБ за следење на комуникациите.

За незаконско следење на комуникациите од некоја од безбедносните агенции во Македонија предупредија и од ВМРО-ДПМНЕ. Во изјава за Алфа, потпредседателот на опозицијата Николовски кажа дека врвот на партија е телефонски, но и физички следен.

Мери Ѓорѓиевска