Реклама
Македонија

Чучуљ: Собранието во најкус можен рок да го повтори огласот за избор на нов член

Собранието во најкус можен рок да го повтори процесот за избор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието во најкус можен рок да го повтори процесот за избор на нов член во Антикорупциската комисија.

За претседателот Адем Чучуљ од исклучителна важност е да се комплетира составот, по оставките на сега обвинетата претседателка Татјана Димитровска и членот Цвета Ристовска. Процесот за избор на нов член беше прекинат поради тоа што една од кандидатките била финансиски донатор на политичка партија во последните 10 години, што законот не го дозволува.

Поради тоа, според собраниската Комисија за избори и именувања, најдобро ќе биде да се повтори огласот за да нема никакви сомнежи во назначувањето член за комплетирање на составот на ДКСК.