Еколошки ризици постојат и на други локации во земјава. Депонијата со стотици илјади кубни метри јаловина од хром кај поранешниот „Југохром“ со години се посочува како потенцијална опасност за изворот Рашче, од кој Скопје се снабдува со вода за пиење.
Ана Чоловиќ Лешоска, биолог од граѓанската организација „Еко-свест“, во интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека доколку дојде до загадување со шестовалентен хром, водата од овој извор не би можела да се користи ниту како техничка.
