Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Четворицата малолетници се чувствуваат подобро, приведен 40 годишникот во чија куќа биле пронајдени

Четворицата малолетници кои вчера беа најдени во бесознание во куќа во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четворицата малолетници кои вчера беа најдени во бесознание во куќа во Скопје  и со повреди на телото се во стабилна состојба. Што точно се случило се уште се истражува, а до овој момент уапсен е 40 годишниот скопјанец во чиј  дом, полицијата ги затекнала децата. Токсиколошката анализа покажала дека тие не конзумирале алкохол, но биле предозирани со психоактивни супстанци.  

Нашата токсиколопшка лабораторија не докажа присуство на алкохол, меѓутоа докажа присуство на психоактивни супстанци во високи концентрации, повреди имаа сите четворица по телото, немаат сериозни повреди на глава, на граден кош , на стомак, санирани се повредите, се под контрола под надзор, децата се стабилни и се надевам така ќе остане, вели д-р Андон Чибишев, директор на клиниката за Токсикологија.

Според најновите детали од полицијата, се почнало со пријавата дека 40-годишен скопјанец со иницијали Д.Ѓ бил нападнат во неговата куќа од малолетник со тврд предмет. Малолетниците биле во куќата кога стигнала полицијата при што двајца од нив биле онесвестени, полициските службеници пронашле алкохол и психотропни супстанции.

Реклама

На 12.07.2024 во 13.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, во двор од куќа, сопственост на Д.Ѓ.(40) од Скопје, тој бил физички нападнат со тврд предмет од малолетник. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина. / Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ, соопшти портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

Што точно се случувало во куќата, сега истражува јавен обвинител. Четворицата малолетници се контактибилни и разговарале и со полицијата и со лекарите, но во овој момент поради истрагата не се соопштуваат детали

Случајот е под обсервација на обвинителство и МВР. Нас не не интересираше што се случувало децата беа во многу тешка здравствена состојба, ни беше важно да ги стабилизираме и извлечеме од животна опасност, нас ни е важно да излезат што подобри, здрави живи од кај нас , додава д-р Чибишев.

Вчера попладне две момчиња и две девојчиња  на возраст од 14 до 17 години биле  донесени во тешка состојба на одделот за интензивна нега на клиниката за Токсикологија во тешка состојба. Нивната состојба денеска е подобрена и ја примаат соодветната терапија, но како што информираше д-р Чибишев, ќе останат на лекување уште неколку дена.