Реклама

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија

Четири медиуми го прекршиле изборниот молк на Повторените локални избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека четири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека четири медиуми го прекршиле изборниот молк на Повторените локални избори, кои се одржаа на 11 јануари во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Од АВМУ посочуваат дела при надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на МРТ 1, МРТ 2, ТВ 24 Вести и ТВ Алфа, Агенцијата констатираше прекршување на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик, односно прекршување на изборниот молк.

-Прекршувањето кај сите медиуми е сторено на 10 јануари 2026 година, за време на изборниот молк за Повторните локални избори 2026. Извештаите од надзорите се достапни на линковите: МРТ 1 (член 76-б од Изборниот законик) – 13.01.2026, МРТ 2 (член 76-б од Изборниот законик) – 13.01.2026, ТВ 24 Вести (член 76-б од Изборниот законик) – 13.01.2026, ТВ Алфа (член 76-б од Изборниот законик) – 13.01.2026, велат од АВМУ. 

Реклама

Член 76-б став 3 од Изборниот законик вели „При известувањето во деновите на изборниот молк, ќе се смета дека медиумите го прекршиле изборниот молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во  функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои  го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците 
во изборна кампања, од претставници на политички партии, и од носители на функции во органите на власта“), а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик („Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите“).