Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Четири лица лишени од слобода од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие четири лица се лишени од слобода од вкупно пет пријави за семејно насилство. Полициски службеници од СВР Штип утринава околу 01:20 часот го лишиле од слобода С.Е.(37) од Штип, постпаувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал сопругата. Полициски службеници од ОВР Гостивар утринава во 01:35 […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие четири лица се лишени од слобода од вкупно пет пријави за семејно насилство.

Полициски службеници од СВР Штип утринава околу 01:20 часот го лишиле од слобода С.Е.(37) од Штип, постпаувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал сопругата.

Полициски службеници од ОВР Гостивар утринава во 01:35 часот го лишиле од слобода М.С.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.

Реклама

Синоќа во 01:40 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 31-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и се обидел да ја нападне со остар предмет.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:30 часот лишиле од слобода 33-годишна жена од Скопско, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен сопруг, со кој се во бракоразводна постапка, дека во семејниот дом агресивно се однесувала кон него и му упатила закани. Подоцна, во 23:30 часот, 33-годишната жена пријавила дека во семејниот дом, по кратка расправија, била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет.

Утринава во 03:00 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријавила дека на 20.06.2026 околу 20:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, таа и нејзиниот поранешен сопруг, биле физички нападнати од нејзиниот 36-годишен партнер.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.