Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Четири години од несреќата за модуларната болница во Тетово каде живи изгореа 14 луѓе

Поминаа четири години откако 14 луѓе за шест минути живи изгореа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминаа четири години откако 14 луѓе за шест минути живи изгореа во тетовската модуларна болница, а нивните семејства се уште не дочекале вистинска правда. И по толку време, освен кабелот, по година ипол затвор по вторпат добија и директорите на болницата во Тетово. Нема одговорност за надлежните, поранешниот министер за здравство во времето на трагедијата Венко Филипче, компанијата што ги градеше модуларните болници и тој што ја инсталирал електричната мрежа.

Револтот на семејствата е огромен. Сметаат дека обвинителите се инволвирани во прикривање на делото. Бараат одгворните да се гонат.

Обвинителството за организиран криминал и корупција ја собра документацијата и отвори постапка. Дури тврди дека во предвид е земен и извештајот на германските експерти што дојдоа на помош. За јавноста, истрагата е се уште матна, и нејасно е како главен виновник за страотната трагедија може да е само кабелот.

Реклама

Во судскиот процес кој се водеше во изминатите  години, обвинети беа екс директорот на тетовската болница Флорин Бесими како и поранешниот економски директор Артан Етеми. Но, и двајцата не се гонеа поради причината за пожарот, туку бидејќи не ставиле пропишани уреди за гаснење на пожар.

И натаму е неразјаснето дали болницата била изградена според сите прописи и дали тендерската документација била изготвена за да се изгради безбедна модуларна болница.

Тогашниот министер за здравство и сегашен лидер на СДСМ Венко Филипче, тврди дека совеста му е чиста. По трагедијата си поднесе оставка како министер. Во интервју за Фокус тој вели дека во пандемијата трагедии се случувале секаде.

За жал, трагедии во пандемијата се случуваа насекаде. Трагедии ќе имавме уште повеќе да не ги обезбедевме ковид-амбулантите, луѓето ќе умираа во чекалните или на паркинзите. Знам само дека мојата совест е чиста. Јас и мојот тим вложивме натчовечки напори да се спасат што поголем број луѓе, работевме дење и ноќе“, вели Венко Филипче, поранешен министер за здравсто и сегашен лидер на СДСМ.

На кобниот ден, 8 септември 2021, во Ковид центарот биле сместени 26 пациенти. Дел од нив биле со придружба. 14 загинаа, а 12 беа повредени. Македонските крим техничари утврдија дека пожарот бил последица од прегревање на кабелот на дефибрилатор за реанимација. На ист приклучот бил ставен уште еден апарат и полнач за мобилен.

Првата пресуда за кобниот пожар беше во јуни 2023. Им се судеше на поранешните директори и уште еден лекар кој доби ослободителна. Во мај 2024, Апелациониот суд во Гостивар одлучи предметот да оди на повторно судење поради нејаснотии во одлуката. Ова е една од најголемите трагедии што и се случиле на Македонија. За жал остана неразјаснета и без испорачана правда.