Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Чествувањето на св. Кирил во Рим завршува со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“

Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе заврши годинашното чествување на св.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе заврши годинашното чествување на св. Кирил во Рим, во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Концертот, кој вечер ќе се одржи во салата „Хорти салустијани“, го организира Министерството за култура и туризам. Ќе се обрати министерот Зоран Љутков, кој вчера изјави дека настапот на ансамблот е можност македонската култура достоинствено да биде претставена пред меѓународната јавност и, како што рече, да ја потврдиме нашата вековна поврзаност со делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година и го сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Ансамблот е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот што овие инструменти го создаваат заедно. Составен е од музичари кои се членови на Филхармонијата – Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ, Здравко Ангелов, Игор Бакревски и Сашко Темелковски.   Покрај  настапите на домашната музичка сцена, „Консонанс“ имал концерти и во Црна Гора, Бугарија и САД.

Реклама

Годинашното чествување на св. Кирил во Рим го органиизира Собранието на Република Северна Македонија и неговиот претседател, Африм Гаши, ја предводи државно-црковната делегација. 

Вчера беше одржан молебен за св. Кирил во црквата „Сан Клементе“, со кој чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Во рамки на престојот во Италија, претседателот на Парламентот Гаши беше на аудиенција кај папата Лав XIV и имаше средба со Пјетро Паролин, државен секретар на Светата Столица.