Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Честитка по повод Божик од директорката на Комисијата за односи меѓу заедниците Трајковска

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Оливера Трајковска упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото раѓање – Божик.

– Дозволете ми да ви го честитам торжествениот празник на Рождеството Христово – Божиќ, додека трепетот на молитвата кон Пресвета Дева се издигнува и душата со радост воскликнува. Богомладенецот прима човечка природа за личносно да заедничари со човека, давајќи му исполнение, обожение и восовршение. Луѓе, да го славиме Бога преку човекољубие. Молитвено ви посакувам крепко здравје и радост објавувајќи ја радосната вест: Христос се роди, наведува таа во честитката по повод Божик.