Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам

Почитувани граѓани од исламската вероисповед, дозволете ми, во мое лично и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани од исламската вероисповед, дозволете ми, во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, да ви упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, се вели во честитката од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам.

-По завршувањето на светиот месец Рамазан, месец на пост, духовна посветеност и солидарност, ви посакувам празничните денови да ги поминете во мир, добро здравје, радост и спокој, опкружени со семејството и најблиските. Нека вашите молитви бидат примени, а вредностите на хуманоста, толеранцијата, заемната почит и меѓусебното разбирање бидат водилка во секојдневието на сите верници, се нагласува во честитката од Стоилковиќ.

Големите верски празници, се додава, се потсетник на универзалните вредности што нè обединуваат, за грижата за другиот, подадената рака кон оние на кои им е потребна помош и негувањето на соживотот. Само преку заемна почит, одговорност и заеднички заложби можеме да градиме праведно, инклузивно и просперитетно општество во кое сите граѓани ќе се чувствуваат еднакви и почитувани, без оглед на нивната верска или етничка припадност.

Реклама

-Нека празникот донесе мир во Вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, а духовниот благодет од овие денови нека биде поттик за личен и заеднички напредок во текот на целата година. Честит Рамазан Бајрам!, се потенцира во честитката од д вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам.