Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Честитка од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик Македонско друштво „Илинден“-Тирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик Македонско друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до сите Македонци каде и да се. 

-Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални културни и верски традиции. Образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ, стои во честитката. 

Се додава дека Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Каваја, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. 

Реклама

Бројноста на Македонците во Република Албанија е над 120 илјади, според процена на македонските организации, но, за жал во 21 век само во Преспа имаат право на образование на мајчин македонски јазик. 

-Македонското друштво „Илинден“-Тирана од 2009 година бара образование на мајчин македонски јазик за децата во Голо Брдо, каде настава на македонски, имало до 1950 годинa, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор, се нагласува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.