Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Економија

„CEF форум 2026“ на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“

„Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“ е тема на „CEF форумот 2026“  кој ќе се одржи денеска во Скопје со почеток во 14 часот. Форумот е организиран од Министерството за финансии во соработка со Центарот за извонредност во финансиите (CEF), водечка регионална институција и доверлив партнер за реформи, која им помага […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“ е тема на „CEF форумот 2026“  кој ќе се одржи денеска во Скопје со почеток во 14 часот.

Форумот е организиран од Министерството за финансии во соработка со Центарот за извонредност во финансиите (CEF), водечка регионална институција и доверлив партнер за реформи, која им помага на земјите од Југоисточна и Источна Европа во зајакнувањето на јавните институции, забрзувањето на реформите и унапредувањето на процесот на европска интеграција.

Конференцијата ќе ја отворат министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска која е домаќин на форумот и Јана Репаншек, директорка на Центарот за извонредност во финансиите (CEF).

Реклама

-Форумот ќе ги обедини носителите на политики и клучните носители на одлуки, вклучително и министри, гувернери на централни банки, високи владини претставници и истакнати меѓународни експерти, кои ќе разменат мислења за предизвиците поврзани со управувањето во услови на неизвесност, институционалната отпорност и доброто владеење, наведуваат од Министерството за финансии.

Настанот претставува значајна регионална платформа за размена на искуства и стратешки дијалог, насочени кон зајакнување на јавните институции и унапредување на јавните политики.

Пред официјалното отворање на Форумот, ќе се одржи Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board), на кој ќе учествува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.