Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Бујар Османи: Од терен и секојдневно ќе ги решавам потребите на граѓаните од Чаир, со личен пример и дисциплина

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во одговор на новинарско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во одговор на новинарско прашање, упати силна порака за потребата од дисциплина, систематска работа и лична посветеност како предуслов за вистински промени во општината. Тој предупреди дека Чаир се соочува со опасност од целосен колапс на основните функции на животот, доколку продолжи досегашното неработење и отсуството на визија,  се наведува во соопштението од кандидатот за градоначалник на општина Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ) Бујар Османи.

„Чаир за неколку години, ако продолжи вака без визија, ќе остане без патишта, без тротоари, без вода, граѓаните ќе копаат бунари по своите дворови, затоа што нелегалните згради ќе им ја крадат водата. Ќе остане без канализација, без воздух, без основни услови за живот“, предупреди Османи.

Тој нагласи дека на општината ѝ е потребен системски, а не предизборен пристап, отфрлајќи ги сите обвинувања дека неговата активност е само дел од кампањата.

Реклама

„Овие инспекции не се предизборен трик, туку начин на работа. Сакам да покажам дека е неопходна дисциплина и посветеност ако навистина сакаме нешто да постигнеме“, изјави Османи.

Како дел од својот личен пример, Османи најави дека ќе продолжи секое утро од 5:30 до 7:30 часот да го обиколува Чаир, со цел да ги идентификува проблемите и дефектите во урбаната инфраструктура, за потоа веднаш да им ги достави на службите со конкретни насоки.

„Чаир бара систематски пристап, а не предизборен асфалт на еден месец пред избори, сметајќи дека така ќе може да се манипулираат луѓето“, рече Османи

Османи порача дека дисциплината, интегритетот и визијата се неговиот личен влог за Чаир, а не партиски или лични интереси.

„Чаир бара секојдневна посветеност од првиот ден на мандатот. Влегувам со интегритет, со искуство, со дисциплина и визија за тоа каде треба да стигнеме. Тоа е моето најважно ветување кон граѓаните“, истакна Османи.