Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Бугарија призна дека не и се брза со Kоридорот 8: Само 2,5 км пруга до Mакеадонија ќе ги гради дури до 2030 година

Бугарија индиректно призна дека не е премногу заинтересирана брзо да ја заврши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија индиректно призна дека не е премногу заинтересирана брзо да ја заврши пругата до македонската граница, која е дел од коридорот 8.

Според нивната министерка за транспорт, делницата од само 2 и пол километри до границата со Mакедонија, која вклучува и еден тунел ќе била готова дури во 2030 година, со што само ги потврди дилемите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Николоски, околу неподготвеност на нашиот источен сосед за железничко поврзување на коридорот 8. „Најдоцна до 2030 година целосно ќе биде завршен тунелот од бугарска страна по коридорот 8, најави бугарската министерка, Красимира Стојанова, во емисијата „Брисел 1„ на „Бугарија он аир„.
Таа потенцира дека тоа повеќе пати им било кажано на властите во Скопје, вклучително и на состанокот на 16-ти октомври во Брисел. „Во однос на поврзувањето на двете граници, Бугарија во моментов ја има изградено целата железничка инфраструктура, при што останува неизградена една делница од околу 2,5 километри. Нашата земја има обезбедено финансирање за тоа. До крајот на 2024 година ќе биде готов техничкиот проект, а нашата земја ќе биде подготвена најдоцна до 2030 година да ја изгради делницата од Гуешево до границата со Македонија„, изјави Стојанова. За разлика од бугарските 2,5 километри, за кои се уште не е готов техничкиот проект, трасата од македонска страна до границата со Бугарија има 89 километри. По минатонеделната средба во Брисел, каде двете земји генерално ја потврдија посветеноста на коридорот 8, македонското министерство за транспорт соопшти дека Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон, но не може да се прифати реализација на проект кој што завршува во тунел за кој во Бугарија нема проект, ниту пак има извесност од бугарската страна дека се преземаат активности за железничко пооврзување.