Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Буџетскиот совет на македонското Собрание даде согласност за изменување на Буџетот на Парламентот

Буџетскиот совет на македонското Собрание донесе одлука со која даде согласност за изменување на Буџетот на Собранието. Претседателот на буџетскиот совет, пратеникот Антонијо Милошоски посочи дека предложените измени на буџетот на Собранието за 2026 година се поврзани со неколку програми и потпрограми. – Со предлозите се менуваат ставките плати и придонеси и во буџетот ќе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетскиот совет на македонското Собрание донесе одлука со која даде согласност за изменување на Буџетот на Собранието.

Претседателот на буџетскиот совет, пратеникот Антонијо Милошоски посочи дека предложените измени на буџетот на Собранието за 2026 година се поврзани со неколку програми и потпрограми.

– Со предлозите се менуваат ставките плати и придонеси и во буџетот ќе се  изврши вкупно намалување од 53.400.000 денари, а тоа е намалување поврзано со намалувањето на коефициентите плати на пратениците. Потоа, за 6 милиони денари се намалува ставката за привремени вработувања заради нереализирани привремени вработувања, а се намалува и ставката – вложувања и нефинансиски средства за 11 милиони денари поврзани за средства кои не се искористени за мрежниот информациски систем и софтвер, како и системот за управување со документи кој ќе почне да се применува во 2026 година, но плаќањето ќе се реализира во 2027 година. Со измените предвидени се намалувања и на други ставки, образложи Милошоски.

Реклама

Членовите на буџетскиот Совет, со пет гласови „за“, донесоа одлука и дадоа согласност за изменување на Буџетот на Собранието, а го прифатија и предложениот Правилник за начинот и условите за користење на обезбедените средства наменети за Советот за граѓански надзор, за кој на денешната седница говореше претседателката Катерина Крстевска Савовска.

Како што е познато, новиот состав на Советот за граѓански надзор беше избран на 18 февруари оваа година.