Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Бројот на деца со аутизам се зголемува со растечка стапка од 10 до 17 отсто годишно

Во дваесет и првиот век,аутизмот сеуште претставува предизвик за здравствените работници кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во дваесет и првиот век,аутизмот сеуште претставува предизвик за здравствените работници кај нас.Кога станува збор за дијагностика и третман, земјава заостанува половина век зад развиените европски земји,а со деценија каска и во однос на земјите од регионот. Бројот надеца со аутизам во Македонија загрижувачки расте,државата нема национален регистар колку ги има,но статистиките говорат дека нивниот број се зголемува со растечка стапка од 10 до 17 отсто годишно.Ако пред 10 години еднаш месечно се сретнував во аутистично дете,сега половина од амбулантата во која работам се деца со аутизам-вели еминентниот професот докторот Филип Дума.Родителите во очај плаќаат грни пари,дома и во странство за некакви третмани само за им помогнат на своите деца.

 “Има многу луѓе кои што работат предаторски каде што им препишуваат лекови, препишуваат додатоци за исхрана кои што се многу скапи, препишуваат иследувања кои што се непотребни.Така да луѓето многу лутаат ,дури родителите затоа што се работи за болест која што тешко се става под контрола, одат од доктор на доктор од државен до приватен да видат што ќе каже тој доктор дали ќе направи нешто попаметно и тука е трагедијата “-вели Проф.д-р Филип Дума

 “Се оди по разно разни методи кои што не се докажани со медицински докази и родителите вложуваат и по 20.000 евра за многу мал ефект или за никаков ефект, на пример со матичните клетки или со други непроверени методи.Може многу да се стори со овие деца и возрасни лица, но државата треба многу повеќе сретства да вложи”-вели проф.д-р Владимир Трајковски

Реклама

Во Македонија нема доволна едукација уште на основните студии на медицинските факултети,за навремена дијагностика фалат стручни лица, дефектолози,логопеди и психијатри.Покрај дијагностички,недостасуваат и дневни центри. 

“Ние некако работите секогаш ги правиме, ама не ги довршуваме до крај и затоа ништо не се подобрува,со самата инклузија уште повеќе се влошуваат работите. Потоа тоа исто дете нема дневен центар.Една мајка се случи со сопругот на итна операција во Скопје да оди, нема детето возрасно каде да го остави.Можете да замислите со дете со аутизам да патува во Скопје заради некои здравствени проблеми”- вели Александра Сабрас Апостолова-специјален едукатор

Неопходни се и реформи во образованието, ако веќе ги вклучивме аутистичните деца  треба да се искористи нивниот потенцијал и способности без да ги уништуваме и да им предзвикуваме дополнителни трауми. Треба училиштата да научат да живеат со тие деца, а не децата и родителите да бараат начин како да ги прилагодат во училишната средина,седејќи со нив во училишните клупи велат еминетните професори.

Росица Голабоска