Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката влада, за да се спречи евентуален предизборен поткуп

Политичките партии се подготвуваат за претстојните изборите, на кои им претходи техничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичките партии се подготвуваат за претстојните изборите, на кои им претходи техничка влада на 100 дена пред одржување на истите. Пржинската влада е концеп со кој ВМРО-ДПМНЕ не се согласува, но сепак власта остана глува на барањата на опозицијата и за задоволување на желбата на ДУИ за премиер албанец, моделот на техничка влада ќе биде употребен и овој изборен циклус. Според законот за пржинска влада, опоизцијата треба да предложи министри и заменици министри во техничката Влада.

Дел од аналитичарите велат, ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката влада, за да не остави празен простор власта да го искористи нивното отсуство и за се што евентуелно би тргнало погрешно прстот да го вперува кон опозицијата.

  • Со оглед дека власта инсистира и го има мнозинството во парламентот, да се задржи тој модел за овие избори, тогаш и одговорноста е нивна. И за таа техничка влада и за изборот на техничкиот премиер. Она што треба да го направи ВМРО-ДПМНЕ како опозиција е да си предложи двајца министри и четворица заменици со кои ќе биде дел од изборниот процес.Тука не станува збор за некакво носење одлуки за политичка влада, туку влада која треба да ги подготви изборите, вели за Алфа, Владимир Божиновски – аналитичар.

Според Божиновски, со своите минситри и заменици, ВМРО-ДПМНЕ би можеле колку толку да спречат дел од евентуалниот изборен поткуп финансиран дирекно од државни пари.

Реклама
  • Во техничката влада, тие министри кои се таму можат да контролираат едноставно, како течат парите, дали има некои обиди за пренасочување на средствата кои не би требале да бидат дел од изборниот процес, но она што е најважното,а тоа се обиди за поткуп и манипулација во самиот изборен процес, а тоа се случува надвор од тие државни институции, вели Владимир Божиновски – аналитичар.

Инаку техничката владата треба да започне да функционира кон крајот на јануари и да трае до одржувањето на изборите. Според дговорот Заев, Ахмети на чело на владата 100 дена пред избори ќе биде предлог на ДУИ, а интегративиците го предложија моменталниот спикер на собранието Талат Џафери.