Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Божиновска: Успешната соработка со КфВ предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

Тековните енергетски проекти, како и продлабочувањето на взаемната соработка на полето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тековните енергетски проекти, како и продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика беа тема на разговор на денешната работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со новата раководителка на одделот за енергетика во германската развојна банка КфВ за Европа и Кавказ, Бабет Штајн вон Камиенски.

Како што информираат од Кабинетот на Божиновска, се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на КфВ, меѓу кои за втората фаза од ветерниот парк Богданци, како и за енергетските проекти во Битола. Овие инвестиции, како што беше истакнато на средбата, ќе ја зајакнат енергетската независност на земјата.

Министерката Божиновска, на средбата, потенцираше дека германската КфВ е еден од нашите најважни партнери, преку чијашто поддршка се реализираат клучни проекти во интерес на граѓаните.

Реклама

Претставниците на КфВ, на состанокот ја потврдија посветеноста за зацврстување на взаемната соработка во областа на енергетската транзиција, истакнувајќи ја важноста за забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија.Тие ја истакнаа нивната заложба за поддршка на Владата со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем и усогласување со европските стандарди.

-Модернизацијата на енергетската инфраструктура и регионалното поврзување ќе ја зајакнат позицијата на Северна Македонија во регионален и светски контекст. Во таа насока, соработката со КфВ за нас е од исклучително значење, изјави Божиновска.

Соговорниците заклучија дека соработката и понатаму ќе продолжи, особено во делот на инвестициите во обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност на национално ниво.