Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина

Одржливото управување со ресурсите не е избор, туку императив во време на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одржливото управување со ресурсите не е избор, туку императив во време на глобални енергетски и климатски предизвици, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во своето обраќање на UNECE Resource Management Week 2026, пред високи претставници, експерти и креатори на политики од целиот свет.

-Се наоѓаме во период на длабока и неповратна трансформација на енергетскиот и ресурсниот систем. Предизвиците како климатските промени, енергетската сигурност и економската отпорност се меѓусебно поврзани, но и можностите што произлегуваат од нив можат да бидат двигател на одржлив развој – доколку делуваме заеднички- истакна министерката.

Таа нагласи дека Македонија во изминатиот период направила значаен институционален исчекор со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како клучен чекор за зајакнување на стратешкото управување со енергетските и природните ресурси.

Реклама

-Ова не беше административна, туку стратешка одлука со која енергетиката ја поставивме во срцето на националната политика- потенцираше Божиновска.

Министерката посочи дека веќе се реализираат конкретни резултати преку развој на клучни инфраструктурни проекти, како гасното поврзување со Грција и планираната интерконекција со Србија, со што се зајакнува енергетската безбедност и регионалната интеграција.

Паралелно, државата интензивно работи на зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, особено во соларни и ветерни капацитети, како и на подобрување на енергетската ефикасност. Во рударскиот сектор, фокусот е ставен на одговорно и одржливо искористување на ресурсите, во согласност со меѓународните стандарди.

Во своето обраќање, Божиновска ја нагласи и важноста на мултилатералната соработка, истакнувајќи дека ниту една држава не може самостојно да ги надмине предизвиците на енергетската транзиција.

-Меѓународната соработка не е опција – таа е неопходност. Само преку партнерства, размена на знаење и заеднички политики можеме да обезбедиме одржлива и сигурна иднина-наглаи таа.

Како потврда за активната улога на земјата на меѓународната сцена, министерката потсети дека Македонија беше домаќин на 14-тиот Меѓународен форум за енергија и одржлив развој во Скопје, со што ја зацврсти својата позиција како кредибилен партнер и регионален центар за дијалог.

Божиновска упати повик за засилена соработка и побрза акција, додавајќи дека „имаме знаење, имаме алатки и имаме можност – но потребна е решителност и единство. Одржливоста не е крајна цел, туку процес што бара визија, доследност и партнерство.“

Со учеството на овој значаен меѓународен настан, Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон одржлив развој, енергетска сигурност и активна улога во глобалните процеси за справување со климатските и енергетските предизвици.