Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Економија

Божиновска: Нашата цел е да имаме модерна, стабилна и одржлива енергетика

Нашата цел е јасна, да имаме модерна, стабилна и одржлива енергетика. Но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата цел е јасна, да имаме модерна, стабилна и одржлива енергетика. Но уште појасна е вистината – иднината на енергијата не ја создава машината, туку луѓето – истакна министерката за енергетика, рударство и минерална ресурси, Сања Божиновска, на промотивниот настан „Вештина на иднината“, организиран од АД ЕСМ, а се одржа во Битола.

Пред вработените на АД ЕСМ, претставници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, како и претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), министерката Божиновска нагласи дека програмата „Вештина на иднината“, реализирана со поддршка на ЕБОР и меѓународните партнери, покажа дека модерната енергетика почнува токму тука, со луѓето.

– Енергетската трансформација не почнува со технологијата, таа почнува со луѓето. Можеме да градиме капацитети, можеме да инвестираме во инфраструктура, да носиме стратегии, но без знаење и обучени професионалци, трансформацијата ќе остане само еден план на хартија. Програмата „Вештина на иднината“, реализирана со поддршка на ЕБОР, и меѓународните партнери, покажа дека модерната енергетика почнува токму тука, со луѓето. Над 600 вработени во АД ЕСМ стекнаа нови знаења и компетенции за да управуваат со промените што доаѓаат, со тоа институцијата станува посилна, поотпорна и подготвена за предизвиците што следуваат, а државата добива посигурен и постабилен енергетски систем. Вложувањето во знаења е еднакво важно како и вложувањето во новите енергетски капацитети. Енергетската трансформација е процес што бара постојано надградување, партнерство и доверба. Модернизацијата не се случува сама, таа се учи, се гради и се води – рече Божиновска.

Реклама

На промотивниот настан во Битола заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Реџеп Асани, потврди дека со стекнатите вештини вработените ќе бидат поефикасни во секојдневните процеси, ќе се обезбеди одржлив раст на компанијата и најави нови проекти.

– Оваа година почнуваме со реализација на три капитални проекти од зелената агенда. Ќе градиме три фотонапонски електрани, кои ќе го зајакнат производното портфолио на АД ЕСМ и ќе влијаат на зголемување на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, а веќе е во тек и теренска реализација на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“ – истакна Асани.

На учесниците во програните за обука им беа доделини сертификати.