Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Божиновска: Лидерството не е за позиција, туку за одговорност и резултати

Министерката за енергетика Сања Божиновска порача дека жените како лидери во општеството носат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика Сања Божиновска порача дека жените како лидери во општеството носат позитивни промени и покрај сите предизвици со кои се соочуваат како нееднаква плата, ограничен пристап до лидерски позиции и системски бариери.

„Сепак, и покрај овие предизвици, ние продолжуваме да се издигнуваме, да ги поместуваме границите и да го бараме нашето вистинско место во иднината што и ние ја обликуваме” порача министерката за енергетика Сања Божиновска на Женскиот економскиот форум- Балкан 2024.

Министерката посочи дека бројките сè уште покажуваат дека жените се недоволно застапени на клучните, одлучувачки позиции, позиции со одговорности и со висока компетентност, а учеството во работната сила заостанува зад европскиот просек. Во земјите од Западен Балкан, учеството на женската работна сила е едно од најниските во Европа.

Реклама

Божиновска сподели и искуство од нејзиното патување  во професионалната кариера надвор од Македонија, на кое имало бариери со кои се соочуваат многумина – бариери на сомнеж, родова пристрасност и отпор кон промените.

,,Кога станав министерка за енергетика, брзо сфатив дека овој сектор – како и многу други – беше сектор во кој жените беа недоволно застапени. Но, секој од овие предизвици само ја поттикна мојата решеност. Знаев дека лидерството не е поседување на титула, туку преземање на акција. Научив дека лидерството не е за позиција, туку за одговорност и резултати, и како жени, мораме постојано да притискаме за промени, не само за себе, туку и за секоја жена која гледа на нас и верува во подобра иднина.Нема да чекаме да се случи промена, ние ќе ја предизвикаме промената, ќе бидеме промена” истакна министерката.

На Форумот кој се одржува во Скопје, успешни и инспиративни жени од политиката, бизнисот и академската заедница испратија моќни пораки за важноста на жените да се мотивираат и да се поддржуваат меѓусебно. Учество земаа 300 бизнис-лидери, претприемачи, активисти, истражувачи и академици од Португалија, Индија, Египет, Турција, Хрватска, Словенија и од земјите од Западен Балкан. Настанот е дел од глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и глобалната мисија Г100 Милион.