Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Божиновска: Ја враќаме енергетската моќ во македонски раце

Реализација на крупните енергетски проекти, инвестиции во енергетската мрежа, гасоводот кон Грција…

Сподели:

Реализација на крупните енергетски проекти, инвестиции во енергетската мрежа, гасоводот кон Грција и обновливи извори на енергија, поддршка на граѓаните. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини нема да се откаже од се што носи бенефит за Македонија. Една година по формирањето на оваа институција, министерката Сања Божиновска изрази задоволство од досега постигнатото и најави засилена активност за реализација на клучните проекти. Изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште останува врвен прироитет како државен капитал.

Државата не се откажува ниту од проектот „Вардарска долина“ поради изградбата на брзата пруга пругата долж Коридорот 10. Според Божиновска, експертски тимови ќе работат на реализација и на двата проекта по што ќе бидат познати и деталите за реализација на проектот. Божиновска рече дека последнава година изградиле институција што ја движи енергетиката, а особено го истакна значењето на новиот Закон за енергетика кој е пофален во Брисел и целосно усогласен со европските стандарди. Добра вест за граѓаните е дека до крајот на годинава нема да има промени на цената на струјата

Реклама

Паралелно со реализција на проектите, ќе продолжи и поддршката за граѓаните.  Лани 7000 семејства добиле ваучери за инвертер клима уреди, а годинава ќе бидат обезбедени 60 милиони денари за поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства. Од Министерството најавија дека во наредните месеци ќе се донесат закони за обновливи извори, за енергетска ефикасност, за јавно-приватно партнерство, за геологија и рударство со кој првпат се заштитува македонскиот рубин како национално богатство.

Се полни и државниот буџет. Во првиот квартал од годинава се наплатени 247 милиони денари за експлоатација на минерални суровини, двојно повеќе од лани. Се очекува, и за вториот квартал придобивката да биде исто така двојна.

Што се однесува пак до гасоводот којшто ќе ја поврзе Македонија со Грција, за Божиновска е значајно што проектот почна да се реализира по пониска цена за 12 милиони евра. Според неа, планирано е да се изгради дополнителен дел од 25 километри до Србија, што ќе овозможи снабдување на централна Европа преку Србија, а целта е Македонија да стане транзитна земја и да се позиционира на енергетската мапа на Европа.