Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Божиновска: Интерконекциите клучни за енергетската безбедност и посилна Европа

За земјите од регионот енергетските интерконекции и модерните електроенергетски мрежи не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За земјите од регионот енергетските интерконекции и модерните електроенергетски мрежи не се само дел од зелената транзиција, туку се клучни за енергетската безбедност, економската конкурентност и интеграцијата со европскиот енергетски пазар, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на министерскиот панел на високиот настан „Electricity, Digital and Regional Interconnectivity in South East Europe“, кој се одржа во Солун, Република Грција.

Со настанот во Солун, кој собра министри и високи претставници од земјите од регионот, како и претставници на ОЕЦД и европските институции, со цел да се дефинираат приоритетите за модернизација на електроенергетската инфраструктура, подобра регионална интеграција на пазарите на електрична енергија и забрзување на зелената и дигиталната транзиција, официјално започна новиот проект на ОЕЦД за унапредување на електроенергетската поврзаност, дигитализацијата и регионалната соработка во Југоисточна Европа.

-За земјите од Западен Балкан посилните електроенергетски интерконекции и паметните мрежи се од суштинско значење. Тие обезбедуваат стабилност на системите, поголема размена на електрична енергија и услови за поголема интеграција на обновливите извори, истакна Божиновска во своето обраќање.

Реклама

Министерката, како што информираат од нејзиниот Кабинет, нагласи дека Македонија активно работи на неколку клучни проекти за регионално поврзување на електроенергетските системи. Меѓу нив е интерконекцијата Битола – Елбасан со Албанија, за која се очекува градежните активности на македонската страна да започнат во март, со рок за реализација од околу 30 месеци.

Истовремено, активно работи на зајакнување на исток–запад електроенергетскиот коридор во Западен Балкан, кој ќе го поврзе нашиот систем со Косово и ќе овозможи подобрена преносна способност и поголема стабилност на регионалниот електроенергетски систем.

Божиновска посочи и дека се работи на унапредување на постојната интерконекција Битола – Мелити со Грција, за која веќе е обезбедена техничка поддршка од Western Bal-kans Investment Framework, како и на новата интерконекција Струмица – Сандански со Бугарија, која е дел од пошироката регионална инфраструктура за електроенергетска поврзаност.