Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Економија

Божиновска: Енергетиката има иднина само со стручно подготвени млади кадри

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска беше во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска беше во работна посета на Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ – Скопје, каде што се запозна со работата и можностите што ова стручно училиште ги нуди за професионално образование во електротехничкиот сектор и енергетиката.

Во рамки на посетата, министерката ја разгледа техничката опрема на училиштето, вклучително и современите кабинети и лаборатории за настава по енергетски постројки, информатика, автоматика и обновливи извори на енергија, кои се од клучно значење за практично стручно образование.

-На средбата со учениците, наставниот кадар и директорот на училиштето, министерката Божиновска истакна дека стручното образование е значаен столб за развојот на квалификувана работна сила во енергетскиот сектор, особено во услови на трансформација на енергетскиот систем кон поголема енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Таа потенцираше дека потребата од млади и стручно подготвени кадри во енергетиката и електротехниката расте, и дека државата вложува напори да го поврзе образованието со пазарот на трудот, преку развој на практични вештини и соработка со индустријата, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Реклама

Министерката водејќи дијалог со учениците се осврна и на важноста на иновациите, енергетската ефикасност и можностите за идни кариери во секторот, охрабрувајќи ги младите да ги следат можностите за развој и професионален раст. Таа го потенцираше и значењето на соработката меѓу образованието, државните институции и деловниот сектор за обезбедување на конкретни можности за практична обука и идни вработувања.

Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ важи за едно од најнапредните стручни училишта во државата, целосно реновирано и опремено со современа инфраструктура што нуди одлични услови за создавање нови кадри во електротехничкиот и енергетскиот сектор. Ова е првото училиште кое има сопствено производство на електрична енергија преку фотоволтаични панели, како и специјализирани кабинети за иновации и практична настава, каде што учениците стекнуваат реални вештини применливи на пазарот на трудот. Училиштето активно учествува на бројни натпревари и проекти и соработува со сродни образовни институции од целиот регион, градејќи мрежа на знаење и размена на искуства. Министерката Божиновска им порача на учениците дека очекува своето знаење и потенцијал да го покажат во државните енергетски компании и институции, изразувајќи надеж дека ќе останат во земјата и ќе придонесат кон развојот на македонската енергетика.

Посетата, се наведув аво соопштението, придонесе за продлабочување на дијалогот околу подобрување на стручните профили и зголемување на интересот за образование што директно ги подготвува учениците за предизвиците во модерниот енергетски сектор.