Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена

Никој не беше видовит дека земјоделците во Грција ќе штрајкуваат со денови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никој не беше видовит дека земјоделците во Грција ќе штрајкуваат со денови токму сега. АД ЕСМ, кое е под Влада и Министерството за енергетика нема надлежности врз него, си ги има спроведено набавките по планот на набавки, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена, рече министерката Сања Божиновска во одговор на пратеничко прашање за воведената кризна состојба во снабдување со електрична енергија поради недостиг на енергеснси.

Пратеничката од ДУИ Рина Ајдари праша зошто навреме не биле преземени чекори за да се заштитат граѓаните од ценовен шок со новото поскапување на струјата, при што кажа дека ова „не е енергетска криза туку криза на неодговорности“.  

-Како одговорна влада ние без надомест ќе ги дадеме резервите на мазут. Ќе му овозможиме на АД ЕСМ да ги земе резервите на мазут со тоа што кога ќе претстанат да штрајкуваат грчките земјоделци ќе продолжат да бидат снабдувани со мазут, рече Божиновска на седницата за пратенички прашања. 

Реклама

Во однос на поскапувањето на електричната енергија, таа укажа дека цените ги формира Регулаторната комисија за енергетика. 

-Иако според Реформската агенда државата треба да не дава 100 проценти туку 75 проценти од износот, ние како одговорни кон нашите граѓани, сепак, ги даваме стоте проценти. Цените се над 100 евра моментално на пазарот, ние ги даваме за 65, со цел граѓаните да немаат никакви ценовни шокови. Во првиот блок се околу 70 проценти од граѓаните, знаеме дека инфлацијата е 4 проценти, иако се шпекулираше со 7,8 проценти и двоцифрени, поскапување има од 2,25 проценти, рече министерката.

Таа посочи дека во новиот закон кој, рече, е целосно имплементиран со Европската Унија, првпат се воведени мерки за енергетска сиромаштија.

-Даваме финансиска помош и други мерки, што значи дека воведуваме првпат концепт на енергетска сиромаштија. Тоа значи дека освен што ќе даваме пари за ранливите граѓани, имаме мерка со која во текот на зимата не смее да ги исклучуваат сиромашните граѓани, тоа досега го немало, додаде Божиновска.