Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Бошковска: Посакуваме успешен старт на школската година, обезбедени се сите учебници, и следува покачување на платите во образованието

Подготвено ја започнуваме новата учебна 2025-2026 година. На сите ученици, на наставниците,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подготвено ја започнуваме новата учебна 2025-2026 година. На сите ученици, на наставниците, стручните соработници им посакуваме многу успеси и нови достигнувања, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Емилија Бошковска.

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ се погрижи да бидат обезбедени сите услови за квалитетна настава. Обезбедивме учебници за сите ученици. Истите се испорачани веќе во училиштата, а за прв пат нови учебници ќе има за странските јазици, нешто што ни недостасуваше во изминатите 7 години.

Инфраструктурните услови се доста подобрени и продолжуваат да се подобруваат. Владата и Министерството вложија 67 милиони евра во изградба на нови училишта, спортски сали и во реконструкција на постојните објекти. Во поголем дел од училиштата поставена е модерна информатичка опрема, вклучително и опрема за мрежно поврзување и безбеден интернет.

Реклама

Вештачката интелигенција станува дел од наставните содржини. За таа цел изготвено е упатство за наставници и ученици, за етичка примена на вештачката интелигенција за образовни цели.

За прв пат во средните училишта се ангажираат 130 образовни асистенти кои ќе им помагаат на учениците со посебни образовни потреби. Во основните училишта ќе има над 1300 образовни асистенти, а воведено е и формално образование за децата кои се на подолго болничко лекување на детските клиники со што тие повеќе нема да губат настава.

Надлежното министерство стави во употреба и нов електронски дневник, далеку посовремен и пофункционален од претходниот.

Откако Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ го започна својот мандат, наставниците добија зголемување на платите од над 12 проценти. Следното покачување ќе изнесува помеѓу 7,5% и 10%, во зависност од степенот на инфлација, а ќе се случува во текот на учебната година, поточно во март 2026та година. Го враќаме достоинството на наставниците со јасен план и потпишана спогодба за раст на платите во секоја година од мандатот.

Расте поддршката кон учениците, преку зголемени квоти на стипендии и покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади.

Образованието е приоритет за оваа Влада и за ВМРО – ДПМНЕ. Буџетот за овој ресор годинава е најголем досега и изнесува речиси 40 милијарди денари, односно за 6 повеќе од лани. Застојот од изминатите 7 години е откочен. Промените се интензивираат, се следат глобалните трендови и стандарди, а квалитетот се зголемува.

Најпосле образованието го добива заслуженото внимание и станува вистински ресурс на државниот просперитет.