Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Свет

Борел: До крајот на годината ќе ги испорачаме сите милион артилериски гранати во Украина

Европа е блиску до исполнување на ветувањето за испорака на милион артилериски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европа е блиску до исполнување на ветувањето за испорака на милион артилериски гранати на Украина, изјави денеска министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

„Речиси сме готови. Веќе испорачавме повеќе од 980 илјади гранати, а многу наскоро ќе испорачаме милион гранати“, изјави Борел.

Тој посочи дека ЕУ не успеала да ги испорача ветените милион ракети до пролетта оваа година, но дека во последните месеци успеала значително да го забрза производството.

Реклама

Борел изрази надеж дека ЕУ ќе и достави исто толку муниција на Украина.

„Вкупно, ќе испорачаме повеќе од 1,5 милиони парчиња муниција во Украина до крајот на годината. Проблемот не беше во трансферот на она што е на располагање, туку во производството: Кога ветивме дека до пролет ќе го достигнеме нивото од еден милион гранати годишно, не знаевме колкав е вистинскиот производствен капацитет, а не беше толку како што мислевме“, рече тој.

Во 2023 година, ЕУ вети дека ќе и достави еден милион гранати на Украина до пролетта 2024 година, но до тој рок само половина од ветените беа испорачани поради проблеми со производството.