Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Борел: Ако не сте на масата за геополитичка игра, ќе бидете на менито

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел денеска повика на зајакнување на единството и безбедноста на Европа, предупредувајќи дека тие кои не се на масата за политичка игра ќе бидат на менито.

-Фактот што САД избраа претседател, кој ќе има конкретни идеи за најважните сценарија во светот, во Украина, на Блиски Исток и во односот на Кина, бара од Европејците јасно да ја разберат нивната мисија. А нивната мисија, најважната мисија, е да се изгради Европа како сила, како суверен ентитет, способен да дејствува, не препуштајќи ја нашата безбедност на некој друг, бидејќи никој друг нема да се грижи за нашата безбедност, посочи Борел.

Тој, на вториот ден од неформалниот состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ во Будимпешта, додаде дека Унијата мора да се грижи за својата независност, економска безбедност и односите со Кина.

Реклама

-За се е потребен еден и важен збор: единство за да се изгради силна Европа, истакна Борел.

Тој најави дека следните денови ќе ја посети Украина каде ќе разговара како да продолжи поддршката на ЕУ за Киев.

Според Борел, ЕУ сака да остане силен партнер на САД, но оти мора да изгради сопствени капацитети.

-Што и да е случи во САД, ние имаме свои интереси, имаме свои вредности … Мораме да обезбедиме сопствена безбедност, секако сметајќи на НАТО, но градејќи повеќе капацитети. Јасно е дека Европејците мора да градат сопствена безбедност, истакна Борел.