Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

„Борбата против омразата е наша историска одговорност“, порача Мицкоски на годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Тишина, наведнати глави и молитва за душите на 7.144 македонски Евреи. Пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тишина, наведнати глави и молитва за душите на 7.144 македонски Евреи. Пред споменикот во поранешниот скопски Монопол, местото од каде пред 83 години започнал патот кон смртта, беше одбележана годишнината од депортацијата во логорот Треблинка.

Токму тука, во март 1943 година, илјадници Евреи од Скопје, Битола и Штип биле затворени и натоварени во сточни вагони, третирани како товар, а не како луѓе.

Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, потсети дека зад тие возови не исчезнале само луѓе, туку и цели светови – дуќани што никогаш повеќе не се отвориле, недочитани книги и неиспратени писма. Со депортацијата во Треблинка била избришана речиси целата еврејска заедница во земјава – дури 98 проценти од нејзината популација.

Реклама

Може да има многу политички мотивирани приказни, но постои само една историска вистина. Во меморијалниот простор на музејот Треблинка, каде што пепелта на илјадници луѓе измешана со земја и каде се поставени камени обележја со имиња на земјите од каде што биле донесени жртвите, меѓу нив и каменот со натпис Македонија, денес се оспорува тој камен. Се бара негово преименување или отстранување поради политичките спорови и внесување на дневна политика во масовна гробница. Од тука сакам јасно да подвлечам, тој камен не е геополитичка формула, не е дипломатски став, тоа е историја на македонските Евреи. Тоа е историја на Македонија. И затоа, токму денес, во овој момент, во Треблинка, делегација на еврејската заедница и фондот на холокауст предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, полага цвеќе пред тој камен. Не како чин на политика, туку како чин на почит кон 7144 животи што таму немаат гроб освен тој камен, истакна Леви. 

На трагедијата се осврна и германската амбасадорка во земјава, Петра Дерексер. Таа посочи дека и покрај тоа што одбележувањето станува традиција, болката останува силна, бидејќи свирепоста што ја доживеале еврејските семејства во Скопје, Битола и Штип и денес, по повеќе од осум децении, е тешко разбирлива. За многумина од нив, овде била последната станица пред нивното убивање во логорот на истребување Треблинка.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија денес се поклонува пред една од најболните страници од својата историја. Во март 1943 година повеќе од седум илјади македонски Евреи биле насилно одземени од своите домови и депортирани во логорот на смртта, каде нивните животи биле сурово прекинати.

„Во март 1943 година, повеќе од седум илјади наши сограѓани – Евреи од Скопје, Битола и Штип – беа насилно собрани, одземени од своите домови, од своите семејства, од својот живот. Тие беа депортирани во логорот на смртта Треблинка, каде што нивните животи беа сурово прекинати. Зад таа бројка стојат имиња, семејства, соништа, таленти, судбини. Стојат луѓе кои биле дел од ткивото на нашите градови, од трговијата, од културата, од духот на Македонија. Со нивното исчезнување, нашата земја изгуби дел од својата душа“ рече Мицкоски.

Еврејската заедница, и покрај трагедијата што ја преживеала, оставила длабока трага во културата, стопанството и општествениот живот на земјата. Споменот на 7.144-те депортирани македонски Евреи останува трајна опомена дека историјата не смее да се заборави – за да не се повтори.