Реклама

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Македонија

BookStar 2026: Ден на значајни имиња и големи теми – Сатрапи, Јахина и дебата за бестселерот

Во Europe House Skopje денеска, со книжевниот настан „Марџан Сатрапи со адреса…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Europe House Skopje денеска, со книжевниот настан „Марџан Сатрапи со адреса во Скопје: Обид за мал омаж“, во кој ќе учествуваат Никола Гелевски, Владимир Битољану, Катерина Шекутковска и Жарко Кујунџиски, со модерација на Ивица Дукоски, продолжува фестивалот BookStar 2026. Потоа, во 19 часот, во „Лабораториум“, е средбата со светски познатата писателка Гузел Јахина, авторка на романите кои го освоија книжевниот свет – „Зулејха ги отвора очите“, „Децата на Волга“ и „Возот до Самарканд“, во разговор со Емил Ниами.

Фестивалската програма ќе заврши со дебатниот Fight Club: „Бестселерот (не) може да биде голема литература“, во кој ќе дебатираат два, навидум спротивставени тима: Зоран Спасов-Ѕоф, Јован Илиески и Сузана Камберова, од една, и Петар Андоновски, Дијана Петрова и Снежана Стојчевска, од друга страна. Модератор е Александра Јуруковска.

Како и претходните денови, на крај е послепрограмата „До фајронт“.

Реклама

Официјалната програма на вториот ден од BookStar 2026, кој годинава се одржува под мотото FREE AT LeAST – ЧУМУ СЛОБОДАТА?, почна во „Паркот на поезијата“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, каде на книжевното читање „Чуму слободата“ странските автори Саша Бронвасер, Лилјана Коробка, Мартина Видаиќ, Елој Морено и Јап Робен, како и домашните автори Ивана Трајкоска, Томислав Османли, Лилјана Пандева, Иван Шопов и Соња Станковска читаа извадоци од своите дела на јазикот кој самите го одбираа.  

Коробка излезе на сцената и се обрати на македонски јазик, а потоа се потруди пред присутните да прочита извадок од преводот на нејзиниот роман „Крајот на патот“ и го прочита на македонски јазик, иако не го зборува.  

Вечерната програма на вториот ден од BookStar 2026 почна со гостувањата на Лилјана Коробка и Мартина Видаиќ во поткастот „Антологџии“ на Душко Крстевски. Следуваа два книжевни разговори, првиот со Лилјана Коробка и Саша Бронвасер, насловен: Како да (не) се раскажува историјата?. Настанот го модерираше Александар Маџаровски, а двете гостинки зборуваа за тоа како историјата, траумата и меморијата влијаат врз пишувањето на книжевните дела.

Фестивалот „BookStar“ 2026 е поддржан од Министерството за култура и туризам, а дизајнот на визуелниот идентитет е дело на Бранко Прља.

Досега на „Букстар“ учествувале најголемите писателски имиња на денешнината: Јела Кречич-Жижек, Јуси Адлер-Олсен, Славенка Дракулиќ, Михал Вивег, Кадер Абдолах, Евгениј Водолазкин, Марко Шелиќ Марчело, Николо Аманити, Софија Лундберј, Ирса Сигрдардотир, Сјон, Светлана Алексиевич, Игор Штикс, Кристина Гавран, Наџат ел Хачми, Миљенко Јерговиќ, Стефан Хертманс, Кристијан Новак, Јон Калман Стефансон, Здравка Евтимова, Жозе Луиш Пејшото, Ахмет Умит, Леа Ипи и многу други автори од речиси сите европски држави, како и стотина македонски автори.