Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Боки 13: Заев беше против „Империја“, бидејќи Камчев и Мијалков под контрола имале пратеници кои му требале во Собранието

Екс премиерот Зоран Заев бил против случајот „Империја“, сметал дека Јанева нанела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екс премиерот Зоран Заев бил против случајот „Империја“, сметал дека Јанева нанела голема штета со истиот, бидејќи Мијалков и Камчев имале под контрола пратеници кои му требале за гласање во Собранието, кажа во своите завршни зборови првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски. Како што кажа тој, токму поради ова не се вештачел неговиот телефон. Боки 13 вели ваков предмет не смее да се темели на цитати, туку на цврсти и несоборливи докази, кои според него ги немало.

Тој кажа и дека во неговиот дом доаѓале и судии, обвинители, политичари, меѓу кои и министерот за здравство Венко Филипче, кој договарал како што ја нарече криминогена соработка со Орце Камчев за болницата 8-ми септември.

-Зоран Заев ми кажа дека голема штета нанела Јанева со  „Империја“, бидејќи Орце Камчев  имал пратеници за гласање во Собранието, исто како и Сашо Мијалков. Затоа не се вештачи мојот телефон, бидејќи ќе се види комуникација со Зоран Заев, кажа пред судот Јовановски.

Реклама

Јовановски кажа и дека имал ватсап комуникација и со обвинителката Вилма Рускоска, а тоа го наведе и како уште една причина зошто Обвинителството не го вештачело неговиот телефон. Бранителот на Боки 13, Сашко Дукоски се осврна и на улогата на засега единствениот осуден за „Рекет“ Зоки Кичеец, велејќи дека постоела фотографија, каде се гледал тој во друштво на брат на врвен политичар. Кажа дека немало никакви докази за кривичното дело кое се става на терет на неговиот клиент.

-Тронка дилема немам, кој што сака нека мисли овој предмет е креиран исклучиво за јавноста. И неслучајно во одредени периоди се пуштаат тие снимки и на „Ла верита“ и на други социјални мрежи и на други медиуми, изјави Дукоски.

Бојан Јовановски кажа и дека имал порака од Заев која гласела „дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“, која била испратена на 16 април. Се поставува прашањето како можел екс премиерот да знае за доказите ако пријавата е направена на бори мај? Кој му ги дал доказите на Заев?

Јовановски денеска уште еднаш порача дека сонува да стане лидер на држава, а и се закани дека доколку не биде вештачен неговиот телефон, ќе ја објави целата комуникација која ја имал преку истиот, а ја чувал на УСБ. Инаку, судскиот процес за случајот „Рекет“ е пред самиот крај, утре завршните зборови ќе ги даде Катица Јанева и нејзините адвокати, а потоа ќе следува пресудата.

Матеја Петровски