Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Богојавление во Штип одбележан на две локации на река Брегалница 

Оливер Стојанов е среќникот кој годинава го извлече светиот Крст од осветените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оливер Стојанов е среќникот кој годинава го извлече светиот Крст од осветените води на река Брегалница во штипската населба 8ми Ноември. Меѓу стотината момчиња тој беше највешт и за прв пат успеа да го фати живототворниот крст.

  „Ова ми е четврта година што се фрлам и годинава бев најбрз. Бев упорен. Му благодарам на Бога„изјави Оливер Стојанов

Традиционално еден час претходно Чесниот Крст се фрлаше и во штипско Ново Село. Таму најуспешен од триесетината фрлачи беше новоселецот Ристе Атанасов, кој девет години учествува во овој свет чин.

Реклама

„Имам 33години се фрлам 9години и сега прв пат успеав да го фатам. Очекувам здравје и бериќет„ изјави Ристе Атанасов.

Од свештенството добија икона и библија, како и пригодни подароци од Општина Штип.

     Изјава-Митрополит Брегалнички г.Иларион

 „ Бог се јави. Честит и вечен нека е празникот. Моогу здравје, радост, благослов на сите луѓе  и дај Боже во мир и спокој да го славиме и живееме„порача Митрополитот брегалнички г.Иларион

„Нека е бериќетен и благословен денешниот ден . Од годинана во година да бидеме побројни и да го славиме„порача градоначалникот на Штип Иван Јорданов

Според обичаите Светиот Крст треба да влезе во секој дом и да донесе мир и благосостојба

Александра Ристевска