Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Бојковска: ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни придобивки за граѓаните, со „Роаминг како дома”, целосно се усогласуваме со европските легислативи

Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива „Роаминг како дома“. Со ова ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри услови за прекугранична соработка, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива „Роаминг како дома“. Со ова ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри услови за прекугранична соработка, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Со усогласувањето на домашната законска рамка со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, Владата го заврши својот дел од обврските и ја подготви Македонија за следната фаза од процесот на приклучување кон европскиот роаминг простор.

Разликата е очигледна.

Реклама

Додека од СДСМ, се уште се обидуваат да ја убедат јавноста дека европската агенда е нивен приоритет, и покрај фактот што зад себе имаат оставено само неисполнети ветувања, ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни придобивки за граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека европските процеси, не се водат со декларативни изјави, туку со работа, реформи и конкретни чекори.

Почитувани,

Овој процес е уште еден доказ дека кога институциите се водат одговорно и домаќински, резултати има. ВМРО-ДПМНЕ нуди политики кои имаат директен бенефит за граѓаните и конкурентноста на македонската економија.

Остануваме посветени на модернизацијата, дигитализацијата и европската иднина на Македонија. Продолжуваме да работиме со истата енергија и посветеност, затоа што граѓаните заслужуваат власт која создава резултати.