Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Бојчевски: Бараме докторите во сите градови да имаат иста почетна нето плата

Унифициран колективен договор според кој ќе биде иста почетната нето плата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унифициран колективен договор според кој ќе биде иста почетната нето плата на докторите од другите градови и од Скопје, запирање на дефицитот на здравствениот кадар кој од внатрешноста доаѓа во Скопје, како и зголемувањето на платите на вработените во здравствениот сектор, се барањата на Независниот синдикат на здравствените работници.

За овие барања, претседателот на Синдикатот Боби Бојчевски, денеска разговарал со министерот за здравство Азир Алиу.

-Нашето барање како синдикат е да има унифициран колективен договор, според кој гинеколог од Струмица ќе зема иста почетна нето плата со гинеколог од другите градови и од Скопје, бидејќи нето платата на еден гинеколог е различна во Струмица и во Скопје, рече Бојчевски.

Реклама

Посочи дека второ прашање за коешто разговарале да се стопира дефицитот на овој кадар од внатрешноста,кој доаѓа во Скопје.

Другите прашања, појасни, беа во врска со зголемувањата на платите на вработените во здравствениот сектор кои треба да се реализираат во наредните месеци.  

Појасни дека според тоа што лани било потпишано со претседателот на Владата и со министерот за здравство, за  четири години треба да има 40 до 50 отсто зголемување на платата на вработените во здравствениот сектор.

-Трето прашање е дефицитот на кадар и решавање на статусот на овие договорци на дело, бидејќи во здравството моментално има дефицит на здравствен медицински персонал, административен и технички персонал. Треба во побрз временски период да се средат овие работи, рече Бојчевски и се заблагодари за транспарентноста на министерот за здравство.
 
Потенцира дека се надеваат дека здравството ќе се мрдне од точката во која се наоѓа.

-За жал за вработените во здравствениот сектор, полицијата и образованието не е усогласена минималната плата со бодот со колективните договори. Кај нас ако дојде до зголемување на минималната плата како што се бара, ќе се случи хигиеничар да зема поголема плата од дипломирана медицинска сестра, бидејќи не ни се усогласени платите со колективните  договори. Тоа е грешка на претходните синдикати кои договарале, преговарале во здравствениот сектор, истакна Бојчевски.

Посочи дека ќе имаат уште еден состанок идната недела со министерот за здравство,  на кој ќе стане збор во врска со истите. Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека просечната плата на општ доктор е 45 илјади, а со дежурство стигнува до 50 илјади денари.