Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Бизнисот апелира итно да се најде решение за пристап до каменоломот кај Ореовец, за да не трпи економијата

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола не смее да трпи, секое одлагање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола не смее да трпи, секое одлагање ќе има сериозни и повеќеслојни последици за економијата и на Пелагонија, но и на цела Македонија. Од Регионалната стопанска комора апелираат државните институции и засегантите граѓани итно да најдат решение со кое ќе се овозможи пристап до државниот каменолом крај селото Ореовец.

„Ние апелираме во најкраток можен рок државата и локалното население да најдат заеднички јазик и реализацијата на овој пат да продолжи, и претходниот пат кога имаше одлагања во делот на реализацијата најдоа начин да разговараат и да најдат решение. Апелираме што поскоро да се реши овој проблем бидејќи овој пат не е само за прилепскиот регион, туку и за пелагонискиот регион, но исто така и за развојот на БДП.“ – вели Никола Мариноски од Регионална стопанска комора – Прилеп.

Дел од сопствениците на имоти, пред се луксузни хациенди со базени и градини, од Ореовец речиси две години не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој треба да се вади градежниот материјал.

Реклама

Проценките се дека штетите од овие блокади можат да надминат дури 150 милиони евра, поради пенали кои би морала да ги плаќа државата но и поради трошоци за купување на материјали од приватни ископувачи наместо од државно земјиште.

„Тие средства можат да бидат искористени во други инфраструктурни објекти, да бидат искористени во поддршка на локалната економија, изградба на училишта, на градинки, повторно да бидат насочени не кон пенали кои се надвор од Македонија, туку да бидат вратени назад во општеството.“- вели Никола Мариноски

Сопствениците на имоти во Ореовец тврдат дека се загрижени за животната средина иако сите анализи и контроли го велат спортивното. На терен имаат излезено инспектори од повеќе институции кои немаат констатирано никакви неправилности.

Поставени се и апарати за мерење на загадувањето, на вибрациите и на бучавата кои покажуваат дека нема отстапувања од дозволените вредности.

Конкретниот каменолом е во сопственост на државата и е оддалечен повеќе од 700 метри од селото. Локацијата е одредена со самиот договор за Изведба на Коридор 8 и Коридор 10-Д а претходно и била планирана за доделување концесија за комерцијално користење.