Реклама
Македонија

Безбедносниот сертификат за НАТО на директорот на АНБ Христовски поминал проверка и низ службите на Алијансата

Нема ништо спорно со НАТО безбедносниот сертификат на првиот човек на АНБ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема ништо спорно со НАТО безбедносниот сертификат на првиот човек на АНБ Бојан Христоски, туку токму спротивното – исполнети се сите можни законски предуслови за издавање на истиот, а истото важи и за националниот сертификат. Според Дирекацијата за безбедност на класифицирани информации, која е задолжена за издавање на ваквите сертификати, не држат обвинувањата дека Христоски сам себе си издал НАТО сертификат, затоа што пред да го добие, барањето поминало низ ригорозни административни и безбедносни проверки, во кои биле вклучени и надлежните служби на Алијасната.

„Во случајот на директорот на АНБ, Бојан Христовски, одговорно тврдам дека се исполнети сите законски предуслови за издавање на национален и НАТО безбедносен сертификат“ вели Стојан Славевски, директор на Дирекацијата за безбедност на класифицирани информации

Тој ја објаснува целата процедура како некој може да добие национален и НАТО сертификат. Од поднесувањето на барањето преку офицер за безбедност со образложение зошто е потребен сертификатот, преку исполнување на принципот „потребно е да знае„ согласно законот за класифицирани информации, по што следат административните проверки од типот – да се утврди идентитетот, возраста, државјанството, деловната способност, неосудуваноста и обученоста за ракување со класифицирани информации. По овие административни, се вршат безбедносните проверки кои се поригорозни. Врз основа на спроведената безбедносна проверка од надлежните служби, Дирекцијата утврдува дали постои безбедносен ризик и постапува согласно добиените резултати. Ако има потреба Дирекцијата може да побара од надлежните служби да спроведат дополнителни проверки и да ги побара на увид документите од спроведената безбедносна проверка. Откако ќе го добие националниот сертификат, Дирекцијата издава и безбедносен сертификат за пристап и до класифицирани информации на НАТО, кој пред издавањето подлежи и на проверки од службите на Алијансата.

Реклама

„Од страна на Дирекцијата се издава безбедносен сертификат за пристап и до класифицирани информации на НАТО, за што се врши дополнителна безбедносна проверка од страна на надлежната служба на НАТО. Потоа, Службата на НАТО до Дирекцијата го доставува резултат од проверката што ја има направено, кој може да биде позитивен или негативен“ вели Стојан Славевски, директор на Дирекацијата за безбедност на класифицирани информации

По добивање на резултатите од безбедносната проверка спроведена од страна на националните надлежни безбедносни служби, но и резултатот од проверката спроведена од надлежната служба на НАТО, Дирекцијата издава безбедносен сертификат или донесува решение за одбивање на барањето, ако не се исполнети пропишаните услови од Законот. Славески вели дека во случајот со сертификатот на директорот на АНБ Христоски, се поминати сите овие ригорозни процедури, вклучувајќи ја и проверката од НАТО службите.

Давид Крстевски