Реклама
Свет

Безбедносен пропуст на американската тајна служба? – Очевидец тврди дека ги предупредил агентите, но тие не реагирале

Тајната служба на Соединетите Американски Држави е под лупа по големиот безбедносен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тајната служба на Соединетите Американски Држави е под лупа по големиот безбедносен пропуст. Обидот за атентат на кандидатот за претседател Доналд Трамп, во кој 20 годишниот Томас Метју Крукс испука повеќе куршуми кон сцената, се чини дека е резултат на тежок пропуст. Илузијата за безбедност и сигурност во американската политика – градена со децении – е драматично уништена, анализира „Би-Би-Си. Како што пренесуваат светските медиуми, обидот за атентат на Трамп, е можеби најголемиот бебзбедносен пропуст, откако претседателот Роналд Реган беше застрелан и ранет пред хотел во Вашингтон во 1981 година. .

Очевидци зборуваат за човек со автоматска пушка кој зазел позиција на покрив на помалку од 200 метри од поранешниот претседател. Оваа верзија на настаните јасно се потврдува со бројните видеа што се појавија по пукањето.

Го  слушавме Трамп. Не можевме да го видиме, но можевме да го слушнеме. По пет до седум минути од почетокот на неговиот говор, забележавме човек како лази на покривот на зградата која беше оддалечена од нас околу 15 метри. Го вперивме прстот, јасно се гледаше дека е вооружен. Полицијата трчаше наоколу, но никој не не слушаше кога рековме дека на покривот има вооружен маж, но не разбраа за што зборуваме. Стоев две до три минути и покажав кон човекот на покривот. Луѓето од тајната служба кои беа на другиот покрив не гледаа. Мислам дека оние на тој покрив не можеа да го видат затоа што беше заматен од нивниот поглед, но зошто членовите на Тајната служба не беа на секој покрив? Ова не е големо место. Следното нешто што се случи е тоа што испука пет куршуми. Апсолутно сум сигурен дека тој пукаше. Припадниците на тајната служба потоа му пукаа во глава, го видов тој момент. После тоа со вперени пиштоли се качиле на покривот за да се уверат дека го ликвидирале – рече очевидецот.

Реклама

Американското Федерално биро за истраги, кое првично соопшти дека „најверојатно истрелите дошле надвор од областа што ја обезбедува Тајната служба, призна дека е „изненадувачки“ што напаѓачот испукал повеќе истрели без властите да знаат од каде беше пукано врз Трамп, во Пенсилванија. Овој став го изнесе специјалниот агент на ФБИ во Питсбург, Кевин Ројек.

Експертите за безбедност велат дека иако е тешко да се елиминира секоја закана, особено со оружје со долг дострел на настани на отворено сепак рутинските мерки на претпазливост требало да го спречат стрелецот да се качи на блискиот покрив. NBC news отвори низа безбедносни прашања – како вооружениот маж успеал да се качи на покривот и да пука кон поранешен претседател заштитен од федералните безбедносни служби и локалната полиција.Тоа е застрашувачкото и неодговорено прашање со кое се соочува земјата – и безбедносните службеници, анализира медиумот.

Поранешниот командат на специјалната единица во Лонг Бич Калифорнија, Стив Нотингем, експерт кој работел на безбедносните детали за посетите на светските лидери, вклучително и претседателите овој случај го нарече „фундаментален безбедносен неуспех“. Тој посочи на огромни пропусти на надлежните.

Џим Кавано, пензиониран специјален агент кој добро ја познава работата на Тајната служба, рече дека е изненаден што стрелецот можел да заземе толку висока позиција.

Секогаш кога сум бил со нив, секое високо место го преземаат тие [тајната служба] или локалната полиција. Никој не смее да оди по покриви. Тие командуваат со високото место – изјави за NBC News, Џим Кавано – пензиониран специјален агент во Биро за огнено оружје и експлозиви.

Според анализата на „Би-Би-Си“ потврдена и од властите, атентаторот бил на покрив на зграда лево од сцената каде говореше Трамп, а снајперистот на Тајната служба бил на покрив од зграда зад сцената и наспроти зградата каде бил напаѓачот. Бројните сведоштва дека атентаторот бил на само 200 метри од кандидатот за претседател на САД, но и критиките од експертите за недоволната покриеност на теренот, отвораат многу прашања за евентуелни пропусти на безбедносната политика во САД.